„Ова е историски процес кој секоја држава го поминува само еднаш. Нашето законодавство е хармонизирано со законодавството на ЕУ и тоа над 45 отсто. Северна Македонија, според бенџмарк анализите, е понапредна во одредени поглавја, од земји кои 10-тина години преговараат со ЕУ“ изјави премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференција за скрининг процесот и преговорите со ЕУ.
Тој кажа дека досега е завршен билатералниот скрининг, каде што ние пред експертите од Европската комисија, презентираме и објаснуваме до каде сме во усогласувањето со европското законодавство и како тоа функционира во пракса за Кластерот 1, „Фундаментални вредности“, а следната недела започнуваме со билатералниот скрининг за Кластер 2, „Внатрешен пазар“.
„До сега имаме квалитетни презентации во сите поглавја, a коментарите од страна на Европската Комисија за досегашните презентации се одлични. Добар процент на усогласеност имаме во правната рамка, во носењето на закони, но секако остануваат отворени прашањата на кои треба во следниот период да се посветиме, а тоа се реформата во јавната администрација , механизмите за владеење на правото и борба против корупцијата“ рече Ковачевски.
Премиерот кажа дека овие теми ќе бидат отворени во текот на целиот преговарачки процес и затоа очекува секоја институција да е на ниво на задачата и одговорно да пристапи кон овој процес