„Убаво што новинарските здруженија застанаа во одбрана на фелата. Иако, за волја на вистината, тоа не е случај кога се во прашање „провинциските“ медиуми и новинари надвор од Скопје.
Ама, зошто ЗНМ и останатите молчат кога „професионалците“ од националните медиуми со години, без влакно да им фали од главата, дезинформираат, етикетираат, клеветат и шират омраза од секаков вид? Од кога она што се емитува на одвратната ТВ Алфа се вика „објективно и независно новинарство“?
Тогаш кога ќе престане заштитничкиот однос кон оние кои се срам за професијата и кога новинарските здруженија со иста жестина ќе ги осудат континуираните недолични настапи на партиските вувузели во сопствените редови, дури тогаш ќе може да се зборува за враќање на угледот и дигнитетот на новинарството.
Дотогаш, кога е во прашање довербата во професијата, граѓаните со право ќе ставаат знак на равенство помеѓу новинарската и судската фела“, пишува во објавата на Фејсбук новинарот Милошески.