Германија го прими официјалното полско барање за испорака на германски тенкови Леопард на Украина, изјави министерот за одбрана на Полска, Мариуш Блашчак.
Додека германскиот министер за одбрана Борис Писториус ги охрабри земјите кои имаат тенкови Леопард да почнат со обука на украинските војници, иако Германија сè уште не дала формално одобрување за нивна испорака во Украина.
– Јас вербално ги охрабрив партнерските земји кои имаат тенкови Леопард подготвени за испорака да започнат со обука на украинските сили, наведе Писториус на заедничката прес-конференцијата со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во Берлин.
Германија, која мора да одобри каков било реекспорт на тенковите Леопард, досега се воздржуваше, стравувајќи дека тоа би можело да ја поттикне Москва да го ескалира конфликтот.
Владата во Киев сака тенковите Леопард 2 од германско производство, еден од најкористените западни тенкови, за да можат да ги пробијат руските линии и да ја врати украинската територија под своја контрола.
Земјите-членки на НАТО и САД на минатонеделниот состанок во Германија не успеаја да го убедат Берлин да дозволи испорака на Леопардот во Украина.
Русија соопшти дека испораката на тенковите Леопард би значело на НАТО во конфликтот.
– Земјите кои учествуваат, директно или индиректно, во испраќањето оружје во Украина и во подигнувањето на нејзиното технолошко ниво сносат одговорност (за продолжување на конфликтот), изјави вчера портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Тој додаде дека „украинскиот народ е тој што ќе ја плати цената за сета таа псевдоподдршка“.