ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АКЦЕНТИ

Ковачевски на УГД: Образованието е она што останува, откако ќе се заборави наученото во училиште

January 25, 2023 15:17
in PMD, ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

„Образованието не може и не треба да се сведе само на она што ние како лекција ќе им го пружиме на младите во текот на образованието, туку и вредностите кои им ги пренесуваме. На тој макотрпен пат, од нас зависи дали ќе успееме да создадеме генерации, кои ќе ги опсервираат нештата низ критичка призма и ќе носат одлуки базирани на факти со цел да создадат подобри услови за квалитетен живот“ рече премиерот Димитар Ковачевски при посетата на лабораторијата АМБИКОН при Универзитетот Гоце Делчев во Штип.

Тој додаде дека токму затоа политиките на Владата се засноваат на потребите на младите со зајакнување на техничките капацитети во образованието и во квалитетот на образованието.

„Од вкупниот буџет за научно-истражувачка дејност за 2023 година, најголем дел се предвидени за национални научно-истражувачки проекти, потоа се планира поддршка на научни трудови, организирање научни собири, учество на домашни истражувачи на меѓународни научни собири во странство, студиски престои во странство и престој на странски научни истражувачки тимови во Република Северна Македонија, како и надоместок за средства за објавени научни трудови во списание со импакт фактор“ рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека продолжуваат да се доделуваат стипендиите за средношколците и студентите и најави дека годинава се предвидени 50 стипендии за студии од втор циклус во земјата од областа на природно- математичките и техничко-технолошките науки со месечна стипендија од 9.000 денари за девет месеци во годината.

„Планирани се и 15 стипендии за студии од трет циклус во земјата од областа на природно –  математичките и техничко-технолошките науки, со месечна стипендија од 18.000 денари во текот на целата година. Предвидени се и стипендии и уписнини за студии од втор и трет циклус во странство според Шангајската ранг листа, како и еднократен надомест за одбрана на магистерски и докторски трудови. Додека, најголемите остварувања во областа на науката се потврдуваат со доделување на државната награда ‘Гоце Делчев’“ рече Ковачевски.

Tags: Димитар КовачевскиобразованиеУГД
Next Post

Столтенберг: Силно ја поздравувам одлуката на Берлин да дозволи испораки на тенкови за Украина

Shortcut

Најново

Жерновски: Муцунски е фатен во лага, власта се заканува кога нема резултати

August 14, 2026
Tap water, photos by Vecteezy

Гостивар: Водата се прочистува, но довербата останува загадена

August 14, 2026

Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

August 14, 2026
Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

Андовски вели нема место за паника по прогласувањето на епидемија од западнонилска треска во неколку скопски општини

August 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk