ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи – Џаин: Шведска континуирано ја поддржува евроинтеграцијата на Западен Балкан

January 27, 2023 15:39
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Актуелните претседавања на Шведска со Европската Унија и на Северна Македонија со ОБСЕ беа меѓу темите за кои денеска на средба разговараа министерот за надворешни работи Бујар Османи и шведската амбасадорка во земјава, Ами Ларсон Џаин.

Како што соопшти МНР, Османи и Џаин разговараа за зачленувањето на Шведска во НАТО и безбедносната состојба во Европа, за шведското претседавање со Меѓународна алијанса за сеќавање на Холокаустот (ИХРА) и соработката во билатералната и мултилатералната сфера, како и за најновиот развој на состојбите во Југоисточна Европа.

– Во својство на претседавач со ОБСЕ, министерот Османи информира за приоритетите на претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ и се заблагодари за шведската продуктивна соработка и поддршка во рамките на ОБСЕ Тројката. Министерот Османи се заблагодари за шведската континуирана поддршка за интеграција на Северна Македонија и на Западен Балкан во целина во EУ, се наведува во соопштението на МНР.

Шефот на дипломатијата потсети дека при последното претседавање на Шведска со Советот на ЕУ, во втората половина на 2009 година, нашата земја ја доби визната либерализација и првата препорака на Европската комисија за почеток на пристапните преговори.

Притоа тој изрази уверување дека „со својата прагматична и политика ориентирана кон резултати, сегашното претседавање на Шведска, исто така, ќе остави позитивен белег во европската траекторија на нашата земја“.

 – Во актуелниот европски безбедносен контекст, беа разменети мислења за текот на активностите во насока на заокружување на процесот за полноправно членство на Шведска во НАТО, при што беше заемно констатирана важноста овој процес да се заокружи што побрзо со цел зацврстување на стабилноста и безбедноста на европскиот континент, наведува Министерството за надворешни работи.

Tags: Ами Ларсон ЈаинЕУМНРОБСЕОсманиСеверна МакедонијаШведска
Next Post

Удри по „циганите“ за да ги здоболе Бугарите!

Shortcut

Најново

Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026
Архивска снимка - Белград, 30 март 2026 - скриншот

Србија гласа в недела: Студентската листа во предност, Вучиќ најавува убедлива победа

October 21, 2026

Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk