Во Албанија во текот на изминатата година се уапсени 168 полицајци, а за 300 обвинителството отворило истраги, аферата Мекгонигал под лупата на аналитичарите, Курти со тешка задача – да ги исправи грешките од минатите влади… Ова се дел од темите на изборот на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот.
ТОП ЧАНЕЛ: 300 полицајци под истрага на обвинителството
„Во текот на изминатата година уапсени се 168 полицајци, а над 300 други се под истрага на обвинителството.
Најфлагрантен случај кој покажа инкриминација на дел од полицијата е апсењето на оперативниот службеник Јетон Лами, обвинет дека му помагал на толку бараниот Ервис Мартинај, чија судбина се уште останува мистерија.“, пренесе албанскиот медиум Топ Чанел.
ЈАВА ЊУЗ: 10 прашалници за досието „Мекгонигал и Албанија“
„Пред речиси една недела изби скандал од големи размери во кој е вмешан поранешниот шеф на контраразузнавањето на ФБИ, Чарлс Мекгонигал и неговите афери со неколку албански личности. По апсењето, тој официјално беше обвинет за перење пари, давање лажни изјави, кршење на санкциите против Русија, фаворизирање на олигархот Олег Дерипаска, кого имал задача да го истражи, добил 225.000 долари од поранешниот агент на ШИШ Агрон Неза и работел за интересите на оваа личност.
Во досието стои и името на албанскиот премиер Еди Рама кој бил пријател со Чарлс Мекгонигал.
Има најмалку 10 прашања кои бараат одговори за со факти да се разјасни позицијата на премиерот во целата оваа приказна.“, пишува меѓу другото во анализата „10 прашалници за досието „Мекгонигал и Албанија“ од Роланд Ќафоку, објавена во албанскиот дневник Јава Њуз.
БОТА СОТ: Аналитичарите: Курти се обидува да ги исправи грешките на минатите влади
„Погледнете ја Босна денес, држава само на хартија, ова е целта на Србија и во Косово. Јас лично сум против какво било здружување, но тоа се случи со минатите поранешни владетели и Курти се труди максимално да ги избегне, иако е многу тешко да ги поништи. Како и да е, признанието треба да биде на прво место“, вели меѓу другото аналитичарот Фатон Мехмети за „Бота сот“.
РЕПОРТЕРИ: Шоле и Ескобар: Време е за формирање на Здружението
„Во авторски текст на Дерек Шолет, советник на Стејт департментот на САД и Габриел Ескобар, специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, тие повторно повикаа на формирање на Заедница на општини со српско мнозинство.
Шоле и Ескобар, исто така, рекоа дека една од најважните цели на Америка на Западен Балкан е да помогне во создавањето услови „за здрави, мирни и стабилни односи меѓу Србија и Косово“, се вели во текстот што го пренесе медиумот Репортери.
ПАНОРАМА: Почит за Дебраните кои ги штителе и засолниле Евреите
„Албанците немаат проблеми со историската свест, не само со Евреите, туку и со соседите, дури и со оние кои ги држеле под окупација. Албанската национална идеологија не докажува ниту еден случај дека е подигната на штета на другиот. Затоа Ш. Синани смета дека е потребно тука да го евоцира, а не да се фали, бидејќи ниту еден Албанец не се однесувал хумано со Евреите за да стекне чест, а тука спаѓаат и Ндреѓоните од Дебар.“, извадок од анализата „Почит за Дебраните кои ги штителе и засолниле Евреите“, од Халил Рама објавена во дневникот Панорама.
Д. Тахири / ЦИВИЛ Медиа