ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ФОТО) Руски медиуми шират лажни вести дека хемискиот елемент „Московиум“ е преименуван во „Украиниум“

January 31, 2023 14:18
in PMD, ZOOM IN, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Руската пропаганда шири лажна приказна во која се тврди дека во Украина, еден од хемиските елементи бил преименуван.

Пропагандистите тврдат дека хемискиот елемент „Московиум“, кој бил вклучен во табелата под бр. 115 во 2016 година, бил преименуван во „Украиниум“, пренесува Укринформ.

Медиумите во Кремљ, провоените Телеграмски канали и проруските профили на Твитер дистрибуираат фотографии од периодниот систем на хемиски елементи наводно издаден во Украина, каде што еден од елементите се нарекува „Украиниум“.

Како доказ, руските пропагандисти наведуваат инстаграм стори на женско лице, за која тие тврдат дека е Украинка, која во неименувана продавница за канцелариски материјали видела периодична табела со хемиски елементи, при што елементот 115 се нарекува „Украиниум“, објавуваат од Укринформ.

Во долниот дел од табелата на фотографијата може да се види е-пошта на издавачката куќа Литера-ЛТД, која е специјализирана за издавање учебници и наставни помагала за деца од предучилишна возраст, ученици и студенти од стручно-техничко образование. Се гледаат и последните четири цифри од телефонскиот број на менаџерот на компанијата.

– Ваков периодичен систем на хемиски елементи никогаш не бил објавен, вели за Укринформ главната уредничка на издавачката куќа Литера-ЛТД, Олха Бородина и додава дека компанијата никогаш не издала посебна табела на хемиски елементи. Периодниот систем се нуди само во прирачници за студентите да се подготват за завршните испити. Покрај тоа, табелата што тие ја печатат е испечатена црно-бела, а не во боја.

Исто така, таа нагласува дека издавачката куќа никогаш не става телефонски броеви на менаџери во своите печатени производи.

„Никогаш не ставаме податоци за контакт на менаџерот на нашата онлајн продавница на нашите печатени производи. Овој број е достапен само на нашата официјална веб-страница. Тие едноставно ги имаат земено податоците од страницата и ставено таму“, изјавила главната уредничка на Литера-ЛТД за Укринформ.

Исто така, не е јасно како пропагандистите можеле да ги видат приказните на жената на Инстаграм бидејќи нејзиниот профил во моментов е префрлен на приватен.

Подготви: А.Р.

Tags: лажни вестируска пропагандаУкраина
Next Post

Бежовска: Инфлацијата почна да се намалува, очекувам да биде едноцифрена

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук страница на Христијан Мицкоски

Мицкоски од Брвеница: Ние како Влада со ист критериум инвестиравме во сите општини, така се гради соживот

October 26, 2025

Филипче: Трајановски е јасен избор за напредок, Аеродром заслужува повеќе

October 26, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Гест што Холивуд не го заборава: Џорџ Клуни им подари по милион долари на своите пријатели

October 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ландо Норис ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk