ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Руската пропаганда објави фалсификат потврда за армиските додатоци во Украина

February 2, 2023 13:42
in PMD, ZOOM IN, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Руската пропагандна машина за лажни вести продолжува со обидите да го обезличи украинскиот народ со помош на директни фалсификати. Низа докази деновиве објавија украинските медиуми за случаите за фалсификување на лажна реклама за Леопард тенковите, која наводно била прикажана на светлечкиот билборд во Берлин, за ширењето на лажни вести од страна на руските медиуми дека хемискиот елемент „Московиум“ е преименуван во „Украиниум“, како и за руските објави дека американски се противат на војната со Русија.

Овој пат руската пропагандна машина за лажни вести пласираше фалсификат потврда за армиските додатоци во Украина, пренесува Укринформ.

На фотографијата руските пропагандисти заборавиле да го заменат потписот на поранешниот министер за финансии со оној на сегашниот.

Провоените руски канали на телеграм шират фотографија од, како што се тврди, потврда, наводно издадена на војници на Украина за надоместоци за нивната служба во износ од два милиони гривни, на која стои дека нивната плата ќе ја добијат после 2 февруари 2026 година.

Потписот на дното на документот не му припаѓа на актуелниот министер за финансии, Серхи Марченко. Другите документи кои лесно се наоѓаат на интернет го имаат неговиот вистински потпис.

Руските пропагандисти едноставно фотошопираат слики кои се бесплатно достапни на интернет.

Фалсификуваниот потпис е на поранешниот министер за финансии, Олександр Шлапак, кој ја извршуваше функцијата од 27 февруари до 2 декември 2014 година.

Војниците кои ја бранат Украина добиваат пристоен паричен надоместок, кој се состои од два дела – месечен паричен надоместок (во зависност од позицијата, чинот, историјата на службата итн.) и дополнителна парична награда утврдена за воениот период. За оние војници кои не се директно вклучени во непријателствата, дополнителната награда изнесува приближно 1.000 UAH (гривни) дневно, додека оние кои учествуваат во битки добиваат приближно 3.000 UAH дневно.

Подготви: А. Р.

Tags: Војна во Украина. дезинформациилажни вестиРуска пропагандна машинаУкраинафалсификати
Next Post

(ВИДЕО) Паркот Ибни Пајко повторно се користи како паркинг, редици автомобили на пешачките зони

Најново

Мицкоски на отворањето на Спортските игри за млади: Спортот е иднината на Македонија, Владата ќе продолжи со силна поддршка

May 8, 2026

Жерновски: Мицкоски клечеше и лажеше за Преспанскиот договор за да дојде на власт, а сега има амнезија

May 8, 2026

СДСМ ги гаси коментарите на социјалните мрежи

May 8, 2026

Филипче: Следната недела СДСМ го промовира новиот закон за борба против корупцијата       

May 8, 2026
Фото: ВИ

​„МБАПЕ ОДИ СИ!“: 30 милиони навивачи бараат негово заминување од Реал Мадрид!

May 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk