ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Дерала: Наспроти сето неизмерно зло со кое се соочува, Украина живее!

February 17, 2023 16:23
in PMD, ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС
Џабир Дерала, претсeдател на ЦИВИЛ, на отворањето на почесниот конзулат на Украина во Прилеп/ Фотгорафија: Јане Ѓорѓиоски

Џабир Дерала, претсeдател на ЦИВИЛ, на отворањето на почесниот конзулат на Украина во Прилеп/ Фотгорафија: Јане Ѓорѓиоски

По повод отворањето на почесниот конзулат на Украина во Прилеп, Џабир Дерала, ЦИВИЛ, во своето обраќање му честиташе на избраниот почесен конзул Сашо Наумоски, директор на Витаминка Прилеп.

Дерала истакна дека по една година руска агресија против Украина, украинскиот народ сè уште е мета на болка, страдање и смрт.

„Изминува една година од руската брутална воена агресија против Украина. Од првиот час на рашистичкиот поход против независна, суверена и демократска Украина, цивилите – жени, деца и стари – се жртви на руската злосторничка солдатеска и платенички банди составена од ноторни криминалци. И додека говориме овде, Украина е мета на рускиот ракетен терор.

Светската супер сила трпи понижувачки порази на бојното поле од десет пати послабо вооружената но херојска одбрана на Украина. Понижувањата на фронтовите, агресорите ги „компензираат“ со уништување на цивилната инфраструктура, приватните домови, училишта, болници, културни установи – прават сѐ што може да предизвика болка, страдање и смрт.

Светот е восхитен и инспириран од хероизмот на Украина. Од првиот ден, борбата на храбрите Украинци и Украинки за слобода е и борба за слобода на целиот свет. Тоа е незаборавна жртва човечката цивилизација. Затоа слободниот свет поита да ѝ помогне на Украина.  Со тоа, се чува слободата и демократијата на целиот свет. Тоа е и обврска на меѓународната заедница. Империјалистичките амбиции на Путин се закана за целиот свет и се во директна спротивност со основите на меѓународното право и повелбата на ОН“, изјави Дерала.

Сепак, како што нагласи Дерала, хероизмот на украинскиот народ се гледа на секој чекор, а денешниот настан е уште еден доказа за нескрѓливоста на духот на Украина.

„Хероизмот на Украина се гледа на секој чекор. Но тој хероизам и пожртвуваност не се наоѓаат само на фронтовите. Наспроти сето неизмерно зло со кое се соочува, Украина живее! Државата функционира. Во незамисливо тешки услови, се вршат секојдневни поправки, транспорт, снабдување, комуникации – за да се обезбедат основни услови за живот. Оттаму, денешниот настан, претставува уште еден доказ за нескршливиот дух на Украина, за тоа дека Државата живее и дека ќе биде силна, дека ќе се развива и ќе биде гордост на своите граѓанки и граѓани и на сите слободољубиви луѓе во светот“, додаде Дерала.

На крајот на своето обраќање, Дерала нагалси дека македонското општество и државата застанаа на страната на слободата уште од првиот ден давајќи ја својата поддршка за Украина.

Tags: Конзулат на Украина во ПрилепПрилепУкраинаЦИВИЛЏабир Дерала
Next Post

(ФОТО) Во Прилеп се отвори почесен конзулат на Украина

НАЈНОВО

Николоски: На крајот од мандатот на оваа Влада, Македонија ќе биде лидер во инфраструктура во регионот

August 18, 2025
Фото: ВИ

(ВИДЕО) Трамп вели дека планира да му се јави на Путин по денешните разговори

August 18, 2025
Фото: Илустрација, генерирана со ВИ

Трамп не ја исклучува можноста за испраќање американски трупи за одржување на мирот во Украина

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВО ЖИВО) Зеленски му го предаде на Трамп писмото од украинската прва дама до Меланија Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Потребни се предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски со економски „бум“, граѓаните во економска драма

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk