Русија денес изврши гранатирање на постојка за јавен превоз и станбени згради во Херсон, при што загинаа шест лица, а беа повредени најмалку дванаесет.
Според Укринформ, јужнооперативната команда на Украина го соопшти ова преку објава на Фејсбук.
„Во Херсон, непријателот погоди станбени населби, објекти од критична инфраструктура, градинка, болница, приватни гаражи и автомобили“, се вели во извештајот.
Се додава дека неколку згради се сериозно оштетени, додека во станбени блокови, неколку станови се запалиле поради директен удар.
Под напад беа и локалниот пазар и постојката за јавен превоз.
Во претходните извештаи стои дека руските трупи на 20 февруари го нападнале регионот Херсон 58 пати.
А. Р.