ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Северна Македонија учесник на саемот за туризам во Белград, организиран под слоганот „Кога е одмор, не е тешко”

February 24, 2023 14:29
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Рекорден број на коегзибитори ги промовираат туристичките понуди на македонскиот штанд, на саемот за туризам во Белград. На 44. Меѓународен саем за туризам околу 350 изложувачи од 33 земји, вклучително и Северна Македонија, учествуваат под слоганот „Кога е одмор, не е тешко”. Директорот на АППТ, д-р Љупчо Јаневски оствари состанок со министерот за туризам на Република Бугарија, д-р Илин Димитров на која се истакна потребата од поголема промоција на двете дестинации и можноста за зголемување на соработката во туризмот и враќање на туристите помеѓу двете земји.

“Туристичката дипломатија е потребно повторно да ги гради мостовите помеѓу двете соседни земји за туристите да се вратат во дестинациите, а тоа е возможно само со почит и разбирање. Веќе во текот на април месец е договорено инфлуенсери, блогери и други медиуми да ги посетат двете дестинации, започнувајки интензивно промовирање”- дополни Јаневски. Македонскиот изложбен простор на саемот во Белград го посетија делегација од македонското МНР, амбасадорската во Србија, Михаела Веселинов, зам. министер на Република Српска, црногорска делегација од повеќе градови, Туристичката организација на Србија, градот Белград и голем број туроператори и медиуми.

На меѓународниот саем за туризам во Белград, Швајцарија преку Програмата за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ го поддржува развојот и промоцијата на активниот туризам со туристички видеа прилагодени за VR Box очилата за виртуелна реалност, како и претставувањето на малите семејни винарии од земјава и поврзување со тур оператори. Денешната презентација е одлична можност за презентирање на ено- гастро концептот како нова туристичка понуда и можност за неколку дневно незаборавно патување по македонските мали винарии.

Во рамките на саемските денови од 23и до 26ти февруари општина Гевгелија, општина Дојран, општина Ресен, општина Крушево и општина Охрид ќе ја прикажат природната убавина, богато културно наследство и гурманско искуство, заедно со ХОТАМ, Глобус травел и хотел Мизо. Саемот за туризам во Белград преставува одличнна можност македонските туроператори да ја престават својата понуда за сезоната 2023 и остварат нови средби со туроператори од регионот. Се очекува саемот да биде посетен од делегација на повеќе од 50 македонски туроператори и хотелиери, како и претставници од Универзитетот за туризам и менаџмент кои ќе земат учество во Б2Б состаноците промовирајки нови пакети и атракции. Голем интерес од посетителите, медиумите и туроператорите на македонскиот изложбен простор е верскиот туризам, националните паркови и авантуристичките форми на туристичка понуда.

Српскиот пазар е еден од најбрзо растечките пазари за македонскиот туризам споредбено 2019/ 2022 година. Во 2022 година 11% од странските туристи односно повеќе од 63000 туристи и повеќе од 130000 ноќевања остваиле српските туристи, наметнувајки ја потребата од интегриран маркетинг и зајакнат промотивен пристап во 2023 година. Воведувањето на авионската линија Белград – Охрид четири пати неделно од јуни преставува голем предизвик и можност која треба да овозможи продолжување на позитивниот раст и во 2023 година на српските туристи. Очекуваме оваа година да продолжи растот на српските туристи, а македонскиот туистички сектор да ја забележи најдобрата година со повеќе од 3,2 милиони ноќевања и блиску 600 милиони долари од туристичката индустрија во македонската економија.

Tags: БелградЈаневскиСеверна Македонијатуризам
Next Post

Петровска: Украинскиот народ покажа дека љубовта кон сопствената татковина е посилна од оружјето на агресорот

Shortcut

Најново

Руска пропагандна мрежа под удар на АНБ: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026
Урсула фон дер Лајен, 16 септември 2026 (фото: ec.europa.eu)

Фон дер Лајен доаѓа во Скопје, Мицкоски нуди дијалог: Уставните измени остануваат клучниот чекор кон ЕУ

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА за банкарските преземања и политиката зад нив

September 30, 2026

Антитерористичка акција во Скопје, петмина приведени, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026
Христијан Мицкоски, Брвеница, 28 септември 2026 (фото: ФБ / Христијан Мицкоски)

Мицкоски тврди дека инфлацијата кај нас е пониска од европската: Што навистина значат бројките?

September 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Втората сесија на „Разговори за иднината во 12:05“, 26 септември 2026 (фото извор: иницијативата)

    „12:05“ со предлози за нов општествен договор и промена на изборниот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нема добар ПР за лоша политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Алфа до Алта: Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА за банкарските преземања и политиката зад нив

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Градот останува, животот исчезнува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk