ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Вучиќ: Продолжуваме со разговорите на 18 март во Македонија, ЕУ очекува нешто до 24 март

February 27, 2023 21:36
in ZOOM IN, ДЕНЕС, РЕГИОН

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по разговорите со еврокомесарот за надворешни работи, Жозеп Борел, специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог, Мирослав Лајчак и премиерот на Косово, Албин Курти во Брисел изјави дека денешната средба не беше за европскиот предлог за решавање на косовското прашање, туку за спроведување на претходно постигнатиот договор, каде на прво место е формирањето на Заедницата на српските општини (ЗСО), јави Н1.

Имавме вообичаено тешка средба, верувам дека ќе има уште многу разговори во наредниот период, бидејќи колку што разбрав, треба да се видиме на територијата на Северна Македонија на 18 март, тогаш Борел ќе биде во посета на регионот, а дотогаш со Лајчак треба да разговараме околу работите за имплементација, рече Вучиќ.

Според Вучиќ, приоритет на сите приоритети во имплементација на претходно постигнатите договори е формирањето на ЗСО, што, како што рече, ќе биде нагласено и во соопштението на Европската унија.

Важно е што во соопштението на ЕУ, ако биде така, ќе стане збор за неопходноста од спроведување на сите претходни договори, инсистирав на Заедницата на српски општини. Тоа се подразбира, мислам дека господинот Курти не беше подготвен тоа да го прифатиме сега, а дали ќе биде во иднина – ќе видиме. Се надевам дека е можно да постигнеме некакви компромиси, но се плашам да не останеме заглавени во нешто што е одамна потпишано, а што одамна требаше да биде исполнето, рече Вучиќ.

Сериозно долг, тежок и напорен процес, нема да биде лесно. Ќе откажам дел од моите обврски и патувања за да се подготвам за 18 март, за да се осигурам дека Србија нема да биде осудувана на 23 и 24 март, рече тој.

Тој додаде дека е подготвен да разговара со Курти за личните документи, регионалното претставување и сите други прашања од витално значење, но дека ЗСО е на прво место.

Одговарајќи на прашањето на албанските новинари дали Србија е подготвена да го признае Косово, Вучиќ рече дека „Србија е членка на Обединетите нации, Косово не е. Ние секогаш го поддржуваме меѓународниот поредок, Повелбата на ОН и, се разбира, српскиот Устав“.

Вучиќ претходно средбата ја нарече „тешка“, но рече и дека нема предавање. Курти во интервју за Еуроактив дадено пред заминувањето за Брисел, а објавено денеска, вели дека очекува меѓусебно признавање и договор до крајот на оваа година.

Tags: БриселВучиќЕУЗСОКуртипреговорисредба
Next Post

Македонија докажува дека е фактор на стабилност, Ковачевски домаќин на средбата Вучиќ - Курти

НАЈНОВО

Мицкоски вели „јасен е победеникот на локалните избори, а тоа е владејачкото мнозинство“

August 20, 2025
Фото: Фронтлајн

Одложено судењето за предметот „Адитив“

August 20, 2025

Тамара Котевска со приказна за штрковите со светски премиери во Венеција и Торонто

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk