Украинскиот претседател Володимир Зеленски преку објава на својот Твитер профил потсети дека апликацијата за членство на Украина во ЕУ е потпишана пред една година и повика на почеток на преговарачкиот процес.
„Украина отсекогаш била Европа, Украина секогаш ќе биде Европа. Ние веќе го гарантиравме тоа. Пред една година, на петтиот ден од целосната војна, Украина поднесе барање за влез во Европската унија и го обезбеди кандидатскиот статус. Оваа година време е да се одлучи за почеток на преговорите за членство“, рече Зеленски.
Тој рече дека е сигурен дека Украина ја обедини ЕУ како никогаш досега, бранејќи ги европските вредности за генерациите што доаѓаат.
„Тоа е Украина каде Европа станува цела, слободна и во мир. Заедно во борба, заедно во победа. Да живее Европа!“, напиша Зеленски.
?? has always been Europe, ?? will always be Europe. We’ve already guaranteed it. A year ago, on the 5th day of the full-scale war, ?? applied to join the European Union and secured the candidate status. This year is the time to decide on the launch of membership negotiations.1/2
— Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) February 28, 2023
На 28 февруари 2022 година, претседателот Володимир Зеленски го потпиша барањето на Украина за членство во Европската унија.
Шефовите на држави и влади на Европската унија на 23 јуни усвоија одлука за доделување на Украина статус на земја кандидат за членство во ЕУ.
Подготви: А. Р.