ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

(ИЗБОР) Албански медиуми: Рама на соочување со опозицијата за аферата Мекгонигал; протестите во Албанија ќе продолжат на 3 март; признавањето на Косово е еден од условите за членство на Србија во ЕУ

March 2, 2023 12:41
in PMD, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Опозицијата во албанското собрание денеска ќе има маратонска седница на која бараат физичко присуство на премиерот Рама, за да дебатираат за аферата „Мекгонигал“, а лидерот на демократите Сали Бериша најави дека протестите ќе продолжат на 3 март и покрај судската одлука. Според  американскиот амбасадор во Косово, Ховениер, признавањето на Косово  е еден од условите за членство на Србија во ЕУ.

Ова се дел од изборот на редакцијата на ЦИВИЛ Медиа, од главните теми во албанските медиуми во регионот за денешното издание на АЛ-ПРЕС.

Топ Чанел: Опозицијата денеска дебатира со Рама во Собранието за случајот Мекгонигал

„Пратеничката група на СП ќе има на располагање 750 минути, 350 минути за ДП, 70 минути за пратеничката група „Сојуз за промени“, 80 минути за „Правда и интеграција“, 30 минути за Партијата на слободата и истото време  ќе биде доделено и за пратениците на ПСД.“

Последните пленарни седници беа тензични и хаотични, бидејќи опозицијата ја блокираше говорницата поради неисполнување на барањето за спроведување на предлогот за  дебата со премиерот Рама со неговото физичко присуство во салата.“ пренесе албанскиот медиум Топ Чанел.

Клан -Бериша: Протестот продолжува без разлика на одлуката на Судот

„Лидерот на Демократската партија Сали Бериша синоќа  во „Милори лајв“ на КланЊуз  изјави дека протестот ќе продолжи на 3 март и покрај одлуката на Судот за раководството на оваа политичка сила.

Бериша истакна дека свиканиот протест не е притисок врз Судот во Тирана, туку  верува  одлуката ќе биде во корист на плурализмот.“, пренесе албанскиот медиум Клан.

Газета Експрес – Ховениер: Признавањето на Косово од Србија е еден од условите за членство во ЕУ

Амбасадорот на Соединетите Американски Држави (САД) на Косово, Џеф Ховениер изјави дека еден од условите Србија да стане членка на Европската унија (ЕУ) е признавањето на Република Косово, пренесе косовскиот медиум Газета Експрес.

Економиа Онлајн : Полициска акција за случајот „Брезовица“, упади во повеќе автосалони и приватни куќи во Приштина

„Косовската полиција во раните утрински часови во координација со Основното обвинителство во Урошевац и по наредба на Основниот суд во Феризај, Одделот за тешки кривични дела, започна полициска акција во рамките на истрагата за случајот „Брезовица “, пренесуваат од косовскиот дневник Економиа Онлајн.

РТК: 579 години од спогодбата на Лежа

„Договорот од Лежа, познат како Албанска лига на Лежа, Собранието на Лежа, Лигата на албанските кнезови, е Собрание на албанските кнезови од 1444 година, кои сакале да се оттргнат од врската со Отоманската империја, која била создавана со османлиското воено влијание.“ пишува во косовскиот медиум РТК.

Бота Сот: Дали на Албанците во поранешна ПЈРМ им треба „Здружение на албански општини“?

„Беше само прашање на време кога една од албанските партии во поранешна ПЈРМ ќе ја злоупотреби деликатната ситуација создадена со инсистирањето на Србија на „Република Србија“ на Косово, повлекувајќи паралели меѓу Србите во Косово и Албанците во поранешна ПЈРМ. . И така се случи.“, извадок од колумната „Дали на Албанците во поранешна ПЈРМ им треба „Заедница на албански општини“?“, од авторот Африм Фанда, објавена во косовскиот дневник Бота Сот.

Д. Тахири / ЦИВИЛ Медиа

Tags: Албански медиуми
Next Post

Лажни се пријавите за наводно поставени експлозивни направи

Shortcut

Најново

Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

June 23, 2026

Државата турка монопол на игрите на среќа, кој има интерес од тоа?

June 23, 2026

Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

June 23, 2026

Загадување нема, економска штета нема. Нема случај во случајот „Мазут“

June 23, 2026

Винарија Душа на Ohrid Wine Festival 2026: вино, „Суперхикс“, „Меморија“ и уште многу изненадувања

June 23, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk