ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home TECH FRONT

ЕУ е во „конструктивни разговори“ со Германија за прекин на продажбата на автомобили со мотори со внатрешно согорување

March 6, 2023 08:56
in TECH FRONT, ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изјави дека ЕУ и Германија се во „конструктивни разговори“ за ставање крај на продажбата на автомобили со мотори со внатрешно согорување во Унијата до 2035 година, јави ДПА.

По неколкумесечни преговори, конечната одлука на ЕУ за забраната се очекуваше во наредните недели, но беше одложена во петокот по приговорите од Германија, која е голема сила во автомобилската индустрија.

Германскиот министер за транспорт Фолкер Висинг рече дека Берлин во оваа фаза не може да се согласи со таква целосна забрана за мотори со внатрешно согорување.

Тој додаде дека Европската комисија треба да поднесе предлог за тоа како моторите со внатрешно согорување кои работат на климатски неутрални синтетички горива, познати како е-горива, би можеле да се користат по 2035 година.

Фон дер Лејен рече дека во принцип е отворен патот за нови автомобилски технологии, „но тоа во секој случај мора да биде избалансирано со целите на нашата климатска политика“.

– И ние треба да го постигнеме токму тој баланс. Сè уште работиме на тоа, изјави таа за медиумите во палатата Мезеберг во Источна Германија денес.

Таа беше гостин на дводневниот затворен состанок на германската влада во палатата, на кој се разговараше за главните прашања како енергетската транзиција на Германија и последиците од војната во Украина.

Висинг е член на деловно ориентираната Слободна демократска партија, најмалиот од трите коалициски партнери во германската владејачка коалиција, која ги вклучува и Социјалдемократите и Зелените.

Други членови на кабинетот на канцеларот Олаф Шолц, како што е министерката за животна средина Штефи Лемке од Зелените, сакаат Германија да ја поддржи забраната за мотори со внатрешно согорување.

Синтетичките горива за кои зборува Висинг се направени од комбинација на водород и јаглерод диоксид што може да се извлече од атмосферата.

Овие горива се сметаат за климатски неутрални доколку енергијата потребна за нивно производство се произведува од обновливи извори. Сепак, степенот до кој големата употреба на синтетички горива е корисна или практично изводлива е предмет на несогласувања. Според нивните поддржувачи, тие се алтернатива за заштита на климата на фосилните горива. Сепак, нивните критичари велат дека синтетичките горива треба да се користат само во неизбежни случаи во воздушниот и поморскиот транспорт, додека нивното користење во голем број возила би било губење зелена енергија.

Плановите за намалување на емисиите на јаглерод од новите автомобили за 100 отсто до 2035 година, ефективно забранувајќи ги моторите со внатрешно согорување, се дел од поголемиот пакет за справување со климатските промени.

ЕУ сака да ги намали емисиите на стакленички гасови за најмалку 55 отсто до 2030 година во споредба со нивоата од 1990 година и да постигне климатска неутралност до 2050 година.

Tags: автомобилиГерманијаЕУ
Next Post

Шолц: Ќе има последици доколку Кина ѝ испрати оружје на Русија

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk