ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Москва будно го следи „сеењето тензии на руските граници“ после настаните во Грузија

March 14, 2023 15:22
in PMD, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Мирјана ВАСИЛЕВА

Додека војната во Украина продолжува, минатата недела во Грузија се случија тензии предизвикани од масовните протести поради најавата на владеачката партија „Грузиски сон“ дека ќе донесе закон за кој критичарите оценија дека всушност е копија на рускиот закон „за странски агенти“.

Да потсетиме дека овој закон во Русија во голема мера беше искористен да ја задуши слободата на медиумите и активистичките здруженија, или да воведе построга контрола врз организациите кои се финансираат однадвор и за кои се во Руската Федерација се наметна мислење дека работат на поткопување на власта.

Грузискиот Парламент го отфрли предлог законот за „странски агенти“ под притисокот на протестите. Сепак, овој обид го сврте вниманието на светската јавност кон кавкаскиот регион кој се смета за отворено жаришта што генерира кризи заради силното влијание на Москва.

Аналитичарите оценија дека обидот на власта да донесе таков закон предизвика краткотрајна, но сериозна политичка криза со последици да ја спречи кавкаската држава да изгради поблиски врски со Европа.

Предложениот закон ќе ги принудеше сите грузиски организации кои добиваат повеќе од 20 отсто од својот приход од странство да се регистрираат како „странски агенти“ или во спротивно ќе беа соочени со драконски казни.

Под притрисок на САД и на ЕУ, грузиската претседателка Саломе Зурабишвили донесе одлуката со која Тбилиси се откажа од нацрт-законот за „странски агенти“ што се закануваше да ја вовлече земјата во длабока политичка, па и безбедносна криза.

Во врска со овој случај Москва, се разбира, веднаш го обвини Западот дека поттикнува масовни протести во Грузија, споредувајќи ги со обид за државен удар, чија цел е, според зборовите на Кремљ „да сее тензија на руските граници“.

Лавров: Во Грузија имаше обид за „украинско сценарио“

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека неколкудневните демонстрации во грузискиот главен град Тбилиси го потсетиле на украинскиот бунт кој на крајот го собори проруското претседателство во 2014 година.

Познавачите на грузиските сотојби се со мислење дека оваа поранешна советска република,  денес живее со надежта дека еден ден и таа ке се приклучи кон Европската Унија, а слични намери имаат и другите  земји од регионот.

Да потсетиме дека Русија и Грузија водеа многу кратка, петдневна војна во август 2008 година. Во тоа време со Грузија управуваше прозападниот претседател Михаил Саакашвили. Во моментот кога, според Москва, отишол предалеку, се случи руската инвазија на оваа земја од кавкаскиот регион. Всушност, таа војна во Грузија може да се смета за мини верзија на актуелната војна во Украина, кога за разлика од Украина, малата Грузија (население од околу 3,7 милиони луѓе) веднаш беше освоена од Русија и де факто ги презеде нејзините два региони, Јужна Осетија и Абхазија кои Москва денес ги смета за независни држави. Сличности меѓу Грузија и Украина има и по тоа што и Грузија помина низ својата, „Портокаловата револуција“ која  беше предводена од Саакашвили.

Профилот на партијата „Грузиски сон“

„Грузиски сон“ дојде на власт после два последователни изборни зиклуси во 2016 и во 2021 година, откако гласачите беа прилично разочарани од прозападните политички опции, но и поради скандалите и корупцијата што ја следеше претходната власт во Тбилиси.

Политички гледано, „Грузиски сон“ не се позиционира како „проруска партија“, туку повикува на „прагматичен“ однос со Русија. Официјално од „Грузискиот сон“ велат дека не се евроскептична партија и дека целта им е влез на Грузија во ЕУ. Меѓутоа, големото прашање е колку вистина има во овие изјави. Некои аналитичари политичката прагма на „Грузиски сон“  ја споредуваат со актуелната власт во Србија, каде што Александар Вучиќ исто така се обидува да одржува „прагматични“ односи со Русија додека официјално сака членство во ЕУ.

Оваа споредба со Србија, велат добрите познавачи на случувањата, може да ни помогне да ја разбереме актуелната политичка и геополитичка ситуација во Грузија, но во секој случај, тоа ја прави земја кон која е насочено посебно внимание и фокус.

Како и да е, масовните протести против така нареченииот „закон за странци“ го спречија неговото донесување и тоа прилично брзо, но дел од аналитичарите на тој обид гледаат како на тест на владеачката структура во Грузија, особено ако се има предвид фактот дека анкетите покажуваат поделеност, иако сега засега таа е во полза на прозападните интереси на граѓаните. Според овие анкети дури 85 отсто од Грузијците поддржуваат влез во ЕУ, додека еден помал дел сметаат дека е „неопходна силна Русија за рамнотежа во светот“.

Ако ги следиме аналитичарите, тие проценуваат дека во голема мерка политичките процеси во Грузија и во кавкаскиот регион ќе зависат од развојот на војната во Украина, како и од политичкиот ангажман на САД и ЕУ во кавказието, и во таа насока сосема е очекувано нагласеното и зачестено присуство на високи политички фигури од овие земји во оваа земја и во регионот.

Преземено од Рацин

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ГрузијапротестиРусија

НАЈНОВО

„Марш на ангелите“ во Кочани: Родителите со свирежи и извици пред полициската станица и судот незадоволни од текот на постапката

June 28, 2025
Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

(ВИДЕО) Тензично во центарот на Белград, полицијата се судри со демонстрантите

June 28, 2025
Белград, протести. Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Тензично во Србија: Голем број граѓани одат кон Белград, власта прави опструкции, запрен градскиот превоз

June 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Решението лежи во делотворно востание на духовите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Падна апликацијата „МојДДВ“, УЈП со известување за граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Тензично во центарот на Белград, полицијата се судри со демонстрантите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џабир Дерала за УКРИНФОРМ: Треба јасно да ставиме до знаење дека Украина Е агендата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Тензично во Србија: Голем број граѓани одат кон Белград, власта прави опструкции, запрен градскиот превоз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk