Украина денес се наоѓа во 385-от ден војна, откако Русија изврши инвазија врз земјата.
Ова се главните теми кои го одбележаа денешниот ден.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера смени тројца регионални гувернери, вклучувајќи го и шефот на Луганск, каде што се водат жестоки борби.
РАФ и германските борбени авиони пресретнаа руски авион во близина на естонскиот воздушен простор во прва заедничка операција од ваков вид.
Финскиот претседател Саули Ниинисто утре и задутре ќе престојува во Турција, каде ќе се сретне со турскиот претседател Таип Ердоган за да разговара за членството во НАТО и други прашања, соопшти денеска кабинетот на финскиот претседател.
Словачката претседателка Зузана Чапутова смета дека е невозможно да се зборува за влез на Украина во НАТО се додека во таа земја има војна.
Руската Влада најверојатно ќе воведе сè построги ограничувања за патување на руските функционери, се наведува во денешниот извештај на британските разузначаки служби, што на Твитер го објави Министерството за одбрана.
По вчерашниот инцидент со руските ловци и американскиот дрон над Црното Море, Украина денеска ја обвини Москва дека се обидува да ја „рашири“ војната во Украина и во други региони.
Подготви: А. Р.