ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АКЦЕНТИ

Ковачевски: На двојните избори во 2024-та победуваат кандидатот и коалицијата на СДСМ

March 16, 2023 20:23
in PMD, ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

За мене етничката припадност не е професија, секој којшто исполнува професионални критериуми, којшто се стекнува со знаење со искуство, со посветеност со работа може да биде претседател на Влада особено во технички мандат, рече премиерот Димитар Ковачевски во гостувањето во Сител телевизија, одговарајќи на новинарско прашање поврзано со наредниот технички премиер кој го најавува ДУИ.

„Сме имале и премиер којшто е Влав, којшто успешно се справувал со предизвиците додека ја извршувал својата функција и затоа сметам дека тоа е нешто што апсолвирано во јавноста уште пред три години. Во однос на техничката влада тука би сакал да кажам еден мој личен став, сметам дека тип на таква пржинска влада на нашата држава  воопшто не е потребен. Зошто? Бидејќи таа влада беше договорено ние едни тешки преговори кога нашата држава беше заробена држава не само според нас внатре, туку и според сите меѓународни рангирања во државата  кога беше објавено дека државните институции се злоупотребуваат политички во цел на избори за една политичка партија од страна на ВМРО-ДПМНЕ и како резултат на преговори си дојде до една техничка влада од 100 дена која што ги спроведува изборите. Земја која што е членка на НАТО, бидејќи ние тоа време не сме биле членка, земја која што отвори преговори со ЕУ, земја која претседава со ОБСЕ, земја која што во моментов е фактор на стабилноста на Балканот според се она што се случува кај нас, сметам дека не треба да има, но сепак тоа е работа на политички договор на  сите политички партии во државата“, рече Ковачевски.

Тој додаде дека се подготвува и нов Изборен законик во работна група на Министерството за правда и се надева дека ќе биде подготвен до наредните парламентарни избори.

„Граѓаните повторно ќе ја изберат оваа коалиција на избори, јас сум убеден во тоа, бидејќи нашите граѓани сака про-европска влада, влада која ги зголемува пензиите, која ги зголемува платите, влада која што носи антикризни мерки најголеми во регионот  и која што ќе ја продолжи европскиот пат на државата“, истакна премиерот.

Премиерот нагласи дека прашањето за предвремени избори е затворено.

„Претседателските избори ќе се случат во својот термин 2024 година, кога ќе победи кандидат предложен од СДСМ и после тоа ќе има парламентарни избори на коишто повторно граѓаните ќе се определат за СДСМ и коалицијата, бидејќи граѓаните не сакаат психо-националистичка коалиција од ВМРО-ДПМНЕ и од Левица со којашто ќе имаат неизвесна иднина“, заклучи Ковачевски.

Tags: Димитар КовачевскиИзбори 2024
Next Post

Лукаревска: Блокадите на опозицијата се тактика од минатото, немаме план Б за државата

EVN

НАЈНОВО

Фото: Скриншот, видео ХРТ, Јутјуб

(ВИДЕО) Групата Лелек победи на Дора 2026 со „Андромеда“, ќе ја претставува Хрватска на Евросонг

February 16, 2026
Фото: Скриншот, видео Јутјуб/Давор

Поплавени домови, евакуирани домаќинства и висок водостој на реките по обилните врнежи во целата земја

February 16, 2026
Анаис хороскоп, Македонија, Дојран

Дневен хороскоп со Анаис – 16 февруари 2026

February 16, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Вучиќ ја критикуваше Шекеринска на Минхенската конференција, СДСМ го осуди неговиот настап

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто човекот не се вратил на Месечината повеќе од 50 години?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Доаѓа нов бран студ и снег: УХМР со прогноза за следните денови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • DW: Зошто Израел распрскува глифосат долж границата со Либан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Возачот на трамвајот пуштен на слобода, Сараево бара одговорност за трагедијата, премиерот на кантонот поднесе оставка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk