Министерството за надворешни работи на Украина денеска преку своја објава на Фејсбук соопшти дека Меѓународниот кривичен суд издал налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин и Марија Алексеевна Лвова-Белова, комесарка во Канцеларијата на претседателот на Русија за правата на децата.
Путин и Белова се под обвинение за „воено злосторство илегална депортација на население (деца) и нелегално преселување на население (деца) од окупираните територии на Украина во Русија.
По оваа вест, украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба напиша на Твитер: „Тркалата на правдата се вртат: Ја поздравувам одлуката на МКС да издаде налози за апсење на Владимир Путин и Марија Лвова-Белова за насилното раселување на украинските деца. Меѓународните криминалци ќе бидат изведени пред лицето на правдата за киднапирање деца и други меѓународни злосторства“.
Wheels of Justice are turning: I applaud the ICC decision to issue arrest warrants for Vladimir Putin and Maria Lvova-Belova over forcible transfer of Ukrainian children. International criminals will be held accountable for stealing children and other international crimes.
— Dmytro Kuleba (@DmytroKuleba) March 17, 2023
Подготви: Марта Пешевска
Извор: ЦИВИЛ Медиа