ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Истрефи, Балкан Форум: Потребни ни се храбри лидери кои склучуваат договори затоа што сакаат, а не затоа што мораат

March 20, 2023 16:24
in PMD, ZOOM IN, ДЕНЕС, ИНТЕРВЈУ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Во пресрет на критичната средба на највисоко ниво меѓу премиерот на Република Косово, Албин Курти и претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, очекувањата, надежите и стравувањата беа високи. Редакцијата ЦИВИЛ Медиа, во соработка со своите извори и експертите кои редовно пишуваат за најважните прашања, настани и процеси во земјата и во светот, објави низа прилози и одлични прогнози и анализи на состојбите.

Пред средбата беа објавени голем број изјави на домашни, регионални и европски аналитичари, новинари и политичари, меѓу кои и македонскиот премиер Димитар Ковачевски, Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, ЕУ комесарот Жосеп Борел, националниот координатор Марјан Забрчанец, новинарите Жељко Шајн и Еуген Сарачини и многу други. Меѓу другите, анализата на Љубомир Костовски, под наслов „Белење“ на бриселскиот договор на Билјанините Извори ги откри главните карактеристики на признавањето на една држава – имплицитно и експлицитно, заклучувајќи дека Србија имплицитно веќе го признала Косово.

Политичкиот аналитичар и првиот човек на тинк-тенк организацијата Балкан Форум, Астрит Истрефи, беше еден од соговорниците на ЦИВИЛ Медиа во пресрет на средбата Вучиќ – Курти. Тој, меѓу другото, во видео интервјуто направено во Приштина на 13 март, објавено под наслов Важно е да има договор за дијалогот меѓу Косово и Србија започнат во 2011 година, прогнозираше дека во Охрид нема да се потпише никаков договор, но дека средбата има големо значење. Според него, „важно е двајцата лидери да се сретнат, за да се воспостави патот до имплементација“, како и тоа дека средбата во Охрид не се организира за да се разговара за Договорот за нормализација, туку за чекорите за имплементација. Така и беше.

Ден по завршувањето на средбата меѓу лидерите на Косово и Србија, со посредство на европските олеснувачи, направивме уште едно (онлајн) интервју со Истрефи, во кое побаравме да го коментира исходот од овој настан, Анексот за имплементација, како и перспективите на процесот започнат во 2011 година. Нашиот соговорник прави одлична поента, велејќи дека е потребно лидерство, визија и храброст за процесите да бидат навистина успешни.

ЦИВИЛ МЕДИА: Кој е вашиот коментар за Анексот за имплементација договорен на средбата меѓу Косово и Србија на 18 март во Охрид?

АСТРИТ ИСТРЕФИ: Договорот постигнат на 18 март 2023 година во Охрид, Северна Македонија, меѓу Србија и Косово за Анексот за имплементација на Договорот од 27 февруари 2023 година, е токму пораката што на двете земји, Европа и светот очајно им е потребна во овие тешки времиња.

Договорот е од исклучително висока важност за намалување на зголемените тензии меѓу Косово и Србија.

Тој ги поставува условите за ублажување на реториката за генерирање конфликти на српскиот претседател Вучиќ и на косовскиот премиер Курти, како што беше потврдено во нивните соодветни говори веднаш по објавувањето дека е постигнат договор.

Понатаму, се надеваме дека со постигнувањето на овој договор, лидерите на Косово и Србија конечно ја научија суштинската лекција дека зборовите, гестовите, симболиката и ставовите се важни и носат страшни последици, особено во овој клучен геополитички момент во светската историја кога се обликува нашата иднина.

ЦИВИЛ МЕДИА: Дали гледате слабости во Договорот и Анексот и кои би биле тие?

АСТРИТ ИСТРЕФИ: Договорот постигнат на 27 февруари и Анексот за имплементација договорен на 18 март уште еднаш открија една голема слабост. Уште еднаш се докажа дека она што им треба на двете земји и народи не се силни лидери како Вучиќ и Курти, ниту „тиранија на мнозинството“.

Трансформацијата на конфликтите и трајниот мир може да се постигнат само со визионери и храбри лидери кои склучуваат договори затоа што сакаат, а не затоа што мораат или затоа што така треба.

Охрид беше уште еден пример дека Вучиќ и Курти не се такви лидери. Тие не постигнаа договори водени од нивните вистински верувања, визија и храброст дека прекинувањето на циклусот на вековни непријателства, омраза и гледање меѓусебно низ нишан е од огромно значење. Според нив, тие биле под „огромен притисок од меѓународната заедница“ и така постапиле поради страв од можни последици – не поради мудроста или стремежот да се постигне долготраен мир. Единствениот придонес од таквите лидери за нивните народи е долготраен конфликт кој никогаш не завршува.

ЦИВИЛ МЕДИА: Тогаш, кое би било решението?

АСТРИТ ИСТРЕФИ: Народите и на Косово и на Србија треба да бараат лидери кои ќе се осмелат да сонуваат како германскиот Аденауер и францускиот Де Гол, или барем да размислуваат како Заев од Северна Македонија.

Џ. Дерала / Цивил Медиа

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ВучиќЕУКосовоКуртиСрбија
Next Post

Земјите од Европската унија планираат да и достават на Украина еден милион парчиња артилериска муниција во следните 12 месеци, изјавија денеска дипломати на ЕУ за ДПА

НАЈНОВО

Судењето за „Онкологија“ продолжи со сослушување на сведоци

October 22, 2025
Фотомонтажа: Фронтлајн

Без доминација и без јасна стратегија – албанскиот политички блок на раскрсница

October 22, 2025
Фото: Скриншот

Вонредно обраќање на Вучиќ по инцидентот и пожарот пред Собранието

October 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    Бучковски: Потфрлувањето кај ВМРО-ДПМНЕ е евидентно, опозициските партии да соработуваат во вториот круг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Врисокот на Кочани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Данела Арсовска по соопштението од Владата: Мицковски несреќо, на кого се закануваш?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk