Украина денес се наоѓа во 393-от ден војна, откако Русија изврши инвазија врз земјата.
Ова се главните теми кои го одбележаа денешниот ден.
Политика
Американскиот државен секретар Антони Блинкен ја нарече автократијата и целосната агресија на Русија против Украина директна и акутна закана за националните интереси на Соединетите држави.
Како потписник на Римскиот статут на Меѓународниот кривичен суд, Јужна Африка е законски обврзана да постапи по налогот за апсење на рускиот диктатор Владимир Путин доколку тој присуствува на Самитот БИРКС во август во оваа земјата.
Зеленски: Моќта на молитвата на светиот месец Рамазан нека ни помогне да ја исчистиме Украина од руското безбожно зло
Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, на својот Твитер профил се заблагодари на неговата Исландска колешка, Тордис Колбурн за признавањето на Хлодоморот како геноцид.
Унгарија нема да го уапси рускиот претседател Владимир Путин доколку влезе во земјата, изјави денеска шефот на кабинет на премиерот Виктор Орбан, Гергели Гуљаш, појаснувајќи дека за тоа не постои правна основа.
Претседателот на Украина Володимир Зеленски беше во работна посета на регионот Херсон за да го провери текот на обновата на инфраструктурните објекти уништени од руската агресија.
Полска ќе побара дополнителни 240 милиони евра од ЕУ за рефинансирање на воените набавки за Украина, изјави денеска во Брисел полскиот премиер Матеуш Моравјецки.
Мишел преку писмо ги информира лидерите на ЕУ дека главна тема на разговор денеска ќе биде Украина.
Фронт
Во регионот на Донецк, руските напаѓачи го гранатираа градот Краматорск и неговата периферија, а синоќа извршија воздушен напад врз Авдиивка, при што загинаа две лица.
Спасувачите пронајдоа тела на девет лица под урнатините на зградите по нападот со руски дрон врз Ржишчив, регионот Кијив.
Русија е неспособна да спроведе офанзива од големи размери, објавија украинските разузнавачки структури.
Во близина на Бахмут, руската армија губи значителни сили, а многу наскоро вооружените сили на Украина ќе ја искористат оваа можност, како што направија во близина на Кијив, Харкив, Балаклија и Купјанск.
Подготви: А. Ристески