Набљудувачката мисија на ОН за човекови права во Украина документираше повеќе од 8.000 цивилни жртви и речиси 14.000 повредени како резултат на војната.
Шефот на мисијата на ОН Матилда Богнер го изјави ова при презентирањето на два нови извештаи (за третман на воени заробеници и општата состојба со човековите права во Украина за шест месеци до 31 јануари 2023 година), пренесува Укринформ.
Војната резултираше со огромни човечки загуби. Од оваа недела, ОН документираа повеќе од 8.000 убиени цивили и речиси 14.000 ранети, рече Богнер.
Таа додаде дека повеќе од 90 отсто од цивилните жртви биле предизвикани од проектили, експлозивни оружја или мини.
Во исто време, шефот на Набљудувачката мисија на ОН истакна дека реалните бројки на цивилни жртви, за жал, се многу поголеми.
Како што е соопштено, до 15 јануари 2023 година, Канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права на ОН забележала 18.358 цивилни жртви во Украина. Потврдениот број на загинати надмина седум илјади.