ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕВРОПСКА УНИЈА

Османи: Дајте ни повеќе ЕУ интеграција пред полноправното членство

April 3, 2023 17:48
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Неопходна е успешна социо-економска транзиција и поттикнување на интеграцијата на земјите од Западен Балкан во ЕУ уште пред нивното членството, порача денеска во Рим министерот за надворешни работи Бујар Османи во обраќањето на Конференцијата „Нови визии за Западниот Балкан: Пристапување во ЕУ и регионална безбедност”.

Она што ни треба за да го вратиме позитивниот тренд за поддршка на евроинтеграцискиот процес може едноставно да се дефинира како постигнување на повеќе и подлабока интеграција уште пред членството. За нашите граѓани е значајно да видиме промена на подобро во секојдневниот живот, предочи министерот Османи, кој учествуваше на Конференцијата во рамки на работната посета на Рим и учеството на Министерскиот состанок за Западен Балкан.

Османи нагласи дека земјава позитивно придонесува за регионалната стабилност со давање поддршка на соседите и со иницирање нови формати на соработка.

Се покажавме како одговорен и доверлив партнер на ЕУ и НАТО, позитивно придонесуваме за регионалната стабилност со давање поддршка на нашите соседи во надминување на отворените билатерални прашања, како што е неодамнешниот состанок на Дијалогот меѓу Србија и Косово, кој се одржа во Охрид, и со иницирање нови формати на соработка, како што е Иницијативата 8 долж Коридорот 8 со Бугарија, Италија и Албанија, иницијативата Б6 и најновата ЕУ Четворка – ЕУ Квад на оние држави од Западен Балкан кои имаат целосна усогласеност со надворешната и безбедносна политика на ЕУ, додаде Османи.

На конференцијата во Рим, која е коорганизација на Министерството за надворешни работи на Италија, Институтот за меѓународни работи од Рим и Опсерваторијата Балкан од Тренто, покрај домаќинот – италијанскиот вицепремиер и министер за надворешни работи и меѓународна соработка Антонио Тајани, учествуваа шефовите на дипломатиите од државите во регионот и на Шведска Тобиас Билстром, еврокомесарот за добрососедство и проширување Оливер Вархеји и реномирани експерти и политички аналитичари од тинк-тенк институти од регионот.

Tags: ЕУинтеграцииКонференцијаОсманиРимчленство
Next Post

Украина 404. ден | Полска испорача борбени авиони во Украина, Зеленски изјави дека на Украина ѝ требаат стотици милијарди за закрепнување

Shortcut

Најново

СДСМ со обвинувања за скандал без преседан: Државата се откажа од заштитата на Арабати баба-теќе во Тетово

June 12, 2026

Награди на 60. МТФ „Војдан Чернодрински“: „Страв и надеж“ на МНТ – најдобра претстава, „Црнила“ со пет награди

June 12, 2026

Спасовски: Мицкоски нема намера да напрви ниту чекор кон ЕУ

June 12, 2026
Фото: Влада

Мицкоски од Истанбул: Презентираме силна владина поддршка за привлекување нови турски инвестиции

June 12, 2026

Вонредни избори или национален консензус за ЕУ-агендата

June 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Четирите сурови реалности за бизнисот со вештачка интелигенција: Дали колабира AI балонот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk