ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ PMD

Грчев: Идејата за конфискација на нелегални градби нема да го реши деценискиот проблем

April 6, 2023 10:34
in PMD, ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

За познавачите на состојбите во градежништвото обидот на градоначалникот Герасимовски да го реши проблемот со дивоградбите преку нивна конфискација не само што не е реален, туку не го ни начнува евентуалното решение. Архитекотот проф. д-р Мирослав Грчев во интервју за „Локално“, посочува дека деценискиот  проблем со дивоградбите е многу поголем и исклучително сложен, а произлегува од апсурдноста на нашиот  правен поредок  во кој бесправните градби уживаат поголема правна заштита од легалните.

Како аргумент ги издвојува Законот за сопственост и други стварни права од 2002 година и Законот за постапување со бесправно изградените објекти кој, како што вели, го укинал целиот правен и уставен поредок во Републиката во полза на бесправните гради.

„Откако беше продолжуван повеќе пати овој најомилен закон во македонската историја предизвикува носталгични солзи кај многумина, очигледно и кај влијателни групи, та пред собранието беше пред некоја година направен обид да се донесе и втор закон за легализација на дивоградбите… Ние сме нација на дивоградбаши што го жртвувавме уставноправниот поредок во полза на дивото градење, та не треба да трошиме време околу идејата за конфискација“, забележува Грчев.

Оттука, се повикува на искуството во уставно правните системи во светот кое подразбира  законска забрана нелегално стекнатиот имот да стане легална сопственост.

„Ние во Законот за сопственост и други стварни права имаме поглавје „Стекнување на сопственост со бесправно градење“, хахахаха, тоа е како да имате поглавје во Кривичниот законик кое гласи „Законско перење на украдени пари“, велелепно… а вие ме прашувате за превентивни мерки?!’’, реагира Грчев.

Целото интервју на следниот линк!

Tags: ГрчевДивоградбиКонфискација
Next Post

На Авганистанките им е забрането да работат во ОН, нивните колеги остануваат дома во знак на солидарност

Најново

Анаис, хороскоп, мотиви Охрид

Викенд хороскоп со Анаис за 2 и 3 мај: Моќта на интуицијата и тајните на Шкорпија

May 1, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Работниците денеска на масовен првомајски протест во Скопје

May 1, 2026
Анаис. Мотив, Дојран

Дневен хороскоп со Анаис (1 мај): Процут на хармонијата и награда за балансот

April 30, 2026

Пад од 9 места за две години: Од „задоволителна“ Македонија премина во „проблематична“ зона за слобода на медиумите

April 30, 2026

Цеков ја напушти ЗНАМ и мнозинството, Филипче порача: Тендер-коалицијата почнува да се распаѓа!

April 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk