ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Милков за уставните измени: Важно е да се обезбеди еднакви права на бугарскиот народ со другите народи во РСМ

April 6, 2023 15:14
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

За Бугарија единствено е важно да се обезбеди еднакви права на бугарскиот народ со другите народи во Република Северна Македонија, изјавил на брифинг вршителот на должноста министер за надворешни работи на Бугарија, Николај Милков. Тој одговори на прашање во врска со изјавата на претседателот на земјава, Стево Пендаровски, дека барањето на Бугарија да биде дел од процесот на уставни измени е скандалозно.

„Бугарија нема да прифати никаква формулација со која на македонските Бугари ќе им се додели статус кој на кој било начин е различен од оној на кој било од другите уставно признати делови на народите во Република Северна Македонија“, коментира Милков.

Вклучувањето на Бугарите во Уставот на С. Македонија и заложбата на Скопје да преземе мерки за обезбедување ефективен пристап до еднакви права, заштита од дискриминација и заштита на културата и идентитетот на Бугарите, се наведени во записникот од вториот состанок на мешовитата меѓувладина комисија, кој беше потпишан на 17 јули 2022 година, потсети министерот. Тој изрази жалење што оттогаш нема напредок по ова прашање.

Според него, темата станала предмет на „внатрешна дебата“, поврзана со покренување постапка за промена на Уставот на државава.

Во врска со почетокот на овој процес, Милков изјави дека ги поздравува напорите на РСМ за исполнување на обврските, кои, според неговите зборови, треба да доведат до практична еднаквост на тамошните Бугари.

„Успешното завршување на еден ваков процес ќе доведе до издигнување на билатералните односи на квалитативно ново ниво и ќе даде позитивен поттик на напорите на Република Северна Македонија за почеток на преговори за членство во Европската унија“, коментира Милков.

Тој посочи дека процесот на промена на Уставот секако е внатрешна работа на Република Северна Македонија.

„Има низа акции кои може да се оквалификуваат како обиди за подигнување на степенот на тензија, со што би се стеснила можноста за мирен дијалог и атмосфера за овие промени“, истакна Милков.

„Јас лично не мислам дека изјавите од ваков тип водат кон смирување на ситуацијата“, посочи и во врска со изјавата на Пендаровски.

„Во духот на нашето досегашно искуство, би сакале да избегнеме сценарија во кои приоди и конкретни решенија се договараат зад грб на Бугарија со земјите членки на Европската унија, за потоа да ни се врши притисок или да бидеме ставени пред свршен чин“, прокоментира, исто така, министерот.

Tags: бугаријаМакедонијаМилков
Next Post

Владата останува на своето мислење платите да останат такви какви што се

Shortcut

Најново

Случај „Мазут“: Може ли да има кривично дело ако нема утврдена штета?

June 6, 2026
Анаис, хороскоп, мотиви Охрид

Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

June 6, 2026

„Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

June 5, 2026

Преполна сала и огромни пофалби за премиерата на „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на фестивалот „Трибека“ во Њујорк

June 5, 2026

(ВИДЕО) Архангел ја враќа суровата магија – „Дни оловни“ – песна со возвишен рок сензибилитет

June 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Охрид „СОС“

     „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски ја има третата власт на speed dial

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk