ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Барањето на градежната комора за поврзаност со пристаништата во Драч и Бургас со коридорите 8 и 10 станува реалност

May 2, 2023 14:18
in PMD, ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, КОМЕНТАРИ
Пристаниште Драч, Албанија. Фото: E. Rocco / АТА

Пристаниште Драч, Албанија. Фото: E. Rocco / АТА

Share on FacebookShare on Twitter

Поврзувањето со пристаништата во Драч и Бургас е долгогодишно барање на стопанските комори од земјава, кои бараа алтернатива на пристаништето во Солун, со цел намалување на цените на транспорт и можност за повеќе избор при увозот и извозот на стоки. Со поврзаноста со само едно меѓународно пристаниште, Северна Македонија ризикуваше да биде целосно отсечена, во случај на блокада или штрајк во Солун, со што домашните компании ќе плаќаа и до три пати повисоки цени за транспорт на стоки, што ќе резултираше со удар врз домашната економија.

Крстосница на Балканот

Изградбата на Коридорите 8 и 10д е еден од најважните инфраструктурни проекти кои се започнуваат во државата од нејзиното осамостојување, а свесни за нивната важност се сите во земјава. Со изградбата на овие коридори, земјава освен со пристаништето во Солун, конечно ќе биде поврзана со уште две пристаништа – во Драч и Бургас и ќе стане крстосница на Балканот.

Ваквото поврзување и позиционирање на Македонија како вистински центар на Балканот е проект кој е поголем од една Влада и кој е зацртан и замислен уште од осамостојувањето, а актуелната Влада е единствената која реши да засука ракави и наместо празни ветувања започнува со изградба на проектот.

Над 650 милиони евра за домашниот градежен сектор 

Оваа капитална инвестиција, освен што ќе ја поврзи земјава со две нови пристаништа, ќе ја раздвижи економијата, ќе ја модернизира и направи побезбедна патната инфраструктура, но и ќе го помогне домашниот градежен сектор со над 650 милиони евра. Согласно договорот со изведувачите „Бехтел и Енка“, 51 отсто од вкупните средства за изградбата на Коридорите 8 и 10д мора да бидат за ангажирање на домашни подизведувачи, што ќе придонесе за раст на платите на работниците и развој и модернизација на домашните компании.

Со изградбата на нови, брзи и безбедни патишта, ќе се придонесе и за подобрување на безбедноста во сообраќајот, но и побрзо поврзување на градовите во земјава, што на крајот придонесува и за развој на економијата во овие градови, кои сега се отсечени од остатокот. Добрите патишта ќе ја направат земјава и поатрактивна за странските туристи и минувачи, што значи и дополнителен профит за државата.

Опструкции на опозицијата

Опозицијата која сега бара различни начини како да биде против овој проект е свесна за важноста на изградбата на Коридорите 8 и 10д. Всушност и нивниот обид за изградба на автопатот Кичево-Охрид е дел од овие коридори, но сега, кога автопатиштата ќе се градат со зацртани рокови и висок квалитет, наместо со промашени траси и повеќе од деценија, тие наоѓаат различни прашања од кои прават проблеми.

Доказ дека нивното противење е само за добивање на ситни политички поени, а не поради суштински прашања е и тоа што ВМРО-ДПМНЕ беа поканети да учествуваат во групата која го подготвуваше договорот со „Бехтел и Енка“, но тие одбија да присуствуваат. Со нивното однесување за овој важен инфраструктурен проект, тие само потврдуваат дека секогаш застануваат против државните интереси, само за нивни политички и лични цели.

Кои се „Бехтел и Енка“

Конзорциумот „Бехтел и Енка“ е составен од реномирани компании кои работеле и работат на огромни и важни проекти низ светот, но и во регионот. Двете компании го изградиле најдолгиот мост на Балканот, над реката Лепенец во Косово, во должина од 5,75 километри.

Освен автопатот во Косово, „Бехтел и Енка“ градеа и автопатот Морава во Србија, делница која се гради со развивање и на најмодерната дигитална инфраструктура и систем за заштита од поплави. Делница од овој автопат беше пуштена во употреба минатата недела.

При изградбата на овој автопат ќе се постават и преку 1000 километри оптички кабли кои ќе служат за подобрување на 5Г инфраструктурата.Поддршка и гаранција за овој проект и за конзорциумот „Бехтел и Енка“ е и британската влада, која обезбеди 430 милиони евра.

Но, освен на Балканот, „Бехтел“ се активни и во останатите развиени земји. Во моментов работат на еден од најзначајни инфраструктурни проекти во Австралија. Аеродромот во Западен Сиднеј во Австралија, проект вреден над четири милијарди долари. Овој аеродром во Сиднеј се очекува да биде финализиран во 2026 година и да биде еден од најголемите во Австралија со над 10 милиони патници годишно.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: „Бехтел и Енка“БургасДрачКоридор 8 и 10д

НАЈНОВО

Обвинителката Ленче Ристоска бара јавно извинување од Латас поради клевети

May 21, 2025

Мицкоски: Владата е стабилна, има речиси двотретинска поддршка во Парламентот и очекувам да продолжиме со коалицијата Вреди

May 21, 2025
фото: Ариан Мехмети/ЦивилМедиа

(ФОТО) Поставена скулптурата „Горчливото сеќавање на детството“ во Паркот „Украина“

May 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Таравари се поблиску до ДУИ, но и до СДСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Николоски: За час и половина ќе се стигнува до Солун, брзата пруга станува реален проект

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бранителите на Палевски и Видевски бараат вештачење на пронајдената чаура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Притворената српска активистка Марија Васиќ се врати дома

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Случајно пронајдена бистата на Џим Морисон по речиси четири децении

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk