ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Денот на полицијата ќе се одбележи во присуство на голем број домашни и странски гости

May 5, 2023 11:06
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Седми Мај – Денот на полицијата, на полициските службеници кои се практично хероите на нашето време, годинава ќе го одбележиме заеднички со граѓаните во недела, во Охрид, во присуство на голем број домашни и странски гости, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

-Денот на полицијата го одбележуваме заеднички со граѓаните, согласно нашето мото – Полицијата во служба на граѓаните – кое последниве неколку години со засилена динамика го преточуваме во практика, па овојпат ја имаме честа да бидеме меѓу охриѓани, како наши домаќини. И, второ, сѐ повеќе гости од наши пријателски и партнерски земји ни укажуваат чест на овој ден, па таа меѓународна димензија на овој настан уште повеќе ја нагласува свеченоста на Денот на нашата полиција.“, потенцираше министерот Спасовски во денешното гостување во утринската програма на МТВ.

Спасовски истакна дека оваа година 7 Мај е дополнително значаен бидејќи Република Северна Македонија и Министерството за внатрешни работи се домаќини и на јубилејната 50. Европска регионална конференција на ИНТЕРПОЛ која се совпаѓа со уште еден убав јубилеј – 30-годишнината од членувањето на нашата држава во ова глобално полициско семејство.

-Горд сум што нашата држава ја доби довербата да ја организира оваа јубилејна конференција на најголемата светска полициска организација ИНТЕРПОЛ. Ќе имаме 123 високи делегати, со присуство на претседателот, генералниот секретар и извршниот комитет на ИНТЕРПОЛ, министри, директори на полиции и други високи гости. Меѓународната организација за криминалистичка полиција – ИНТЕРПОЛ е најголемата меѓународна полициска организација, во која членуваат 194 земји од светот. Формирана е во 1923 година, со цел да ја олесни меѓународната полициска соработка, како и да им даде поддршка и помош на сите организации, служби и сервиси, чија задача е превенција и борба против меѓународниот криминал. Нашата држава станува членка на ИНТЕРПОЛ на 62 Генерално собрание одржано 1993 година во Аруба, рече министерот Спасовски.

Свечената прослава на празникот на македонската полиција ќе се одржи во Охрид на сцената на Долни Сарај на 7 мај во недела со почеток од 18 часот, а ќе има и пренос на МТВ.

Tags: Ден на полицијаМВРОхрид
Next Post

ФЕИТ организира Отворен ден

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ретрограден Меркур во 2026 година – што значи и кога ќе се случува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk