ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ВОЈНА ВО УКРАИНА

Полскиот Сенат бара брз пристап на Украина во НАТО преку вонредна процедура

May 12, 2023 15:03
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ
Фото: Твитер

Фото: Твитер

Share on FacebookShare on Twitter

Украина денес ја има најсилната армија на континентот со извонредно борбено искуство“, се вели во резолуцијата со која полскиот Сенат повикува Украина да биде примена во НАТО по вонредна процедура, како Финска и Шведска.

Како што пренесува Еуромаиданпрес, полскиот Сенат едногласно усвои резолуција за членство на Украина во НАТО, пренесува Polskie Radio. Резолуцијата ги истакнува безбедносните гаранции, „вонредната процедура“ за пристапување во НАТО, самитот во Вилнус и поддршката за Украина.

„По една година ужасна војна, знаеме дека Украина, спротивставувајќи се на Русија, ја брани Европа и е клучна алка која го штити континентот од агресија од Исток“, се вели во резолуцијата. Таа ја признава значајната воена сила на Украина, која е усовршена преку долгогодишното борбено искуство.

Во резолуцијата се наведува:

„Украина денес ја има најсилната армија на континентот со извонредно борбено искуство“, дека украинската армија брзо се вооружува со технологијата на НАТО и применува воена оперативна уметност и тактика што се развивале со децении меѓу западните сојузници.

Документот ја нагласува потребата од „вистинска поддршка“ за украинските бранители, што може да се постигне преку поблиска политичка и воена соработка со земјите-членки на НАТО.

Резолуцијата го нагласува самитот на Алијансата во Вилнус како „значајна фаза во подготовката на Украина за полноправно членство“. Полскиот Сенат смета дека пристапувањето на Украина во Алијансата треба да биде „политичка одлука“, како што беше случајот со Финска и Шведска, и тоа треба да произлезе од стратешката анализа на „предизвиците и заканите надвор од источната граница на Алијансата“.

Резолуцијата го повикува НАТО да ги примени истите „вонредни процедури“ за Украина што беа користени за пристапување на Финска и Шведска во Алијансата.

„Иако Шведска останува надвор од структурите на Алијансата, сојузниците одлучија да ја заштитат. Сенатот на Република Полска ги повикува земјите-членки на НАТО да применат слична вонредна процедура за Украина“, се вели во документот.

Сенатот, исто така, ги поддржа барањата на земјите кои граничат со Русија за „силни безбедносни гаранции за Украина“ и демонстрација на патот на Украина кон членство во НАТО. На 20 април 2023 година, генералниот секретар на НАТО Столтенберг изјави дека Алијансата се подготвува да и одговори на Украина во врска со членството на самитот во Вилнус.

Украинската амбасадорка во земјава, Лариса Дир, на својот Твитер профил ја поздрави одлуката на полскиот Сенат.

Сенатот на Полска усвои одлука со која ги повикува земјите-членки на НАТО да применат итна постапка за Украина ,како што беше со Финска и Шведска – ова треба да биде политичка одлука – како резултат на стратешка анализа на предизвиците и заканите надвор од источната граница на НАТ, пишува Дир во објавата.

Сенатот🇵🇱 усвои одлука со која ги повикува земјите-членки на НАТО да применат итна постапка за🇺🇦,како што беше со🇫🇮и🇸🇪-ова треба да биде политичка одлука-како резултат на стратешка анализа на предизвиците и заканите надвор од источната граница на НАТО@SobranieRSM@PLinNMacedonia pic.twitter.com/Ubc8wE3pWF

— Larysa Dir (@dir_larysa) May 12, 2023

 

Подготви: Д. Мишев / Цивил Медиа 

Tags: НАТОПолскаруска агресија врз УкраинаУкраина
Next Post

Бочварски: Македонија мора да биде инфраструктурно средена држава, економски центар и вистинска крстосница на Балканот

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk