ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Во македонскиот КИЦ во Софија, македонски и бугарски писатели градат мостови на соработка и поврзување на народите

May 12, 2023 09:17
in PMD, ДЕНЕС, КУЛТУРА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија вечерва беше местото каде што македонските и бугарските писатели уште еднаш потенцираа дека соработката и размената во уметноста секогаш е вистинскиот мост што ги поврзува народите.

Четиринаесеттта Македонска книжевна визита во организација на издавачката куќа „Макавеј“ од Скопје, во соработка со КИЦ во Софија, го наполни салонот на КИЦ со љубителите и почитувачите на пишаниот збор, и на македонски, и на бугарски јазик. Отворајќи ја Македонската книжевна визита, директорот на КИЦ во Софија д-р Сашко Насев со неговиот инспиративен говор ги потсети присутните за вечната синтеза меѓу поезијата, како најсовршена од уметностите, со драмата што може да ја произведе, но и обратно.

Амбасадорката на РСМ во Софија, Н.Е. Агнеза Руси Поповска, посочи дека поетите и уметниците се тие што можат и мораат да ги рушат ѕидовите создадени од предрасуди, и да градат мостови на разбирање и соработка.

Присутните ги поздрави д-р Владимир Цветковски, уредник на издавачката куќа „Макавеј“, која го организира ова поврзување на македонските и бугарските поети и уметници изминативе 14 години. Претседателот на Сојузот на бугарските писатели, Бојан Ангелов, на присутните им ја предочи метафората за славејот што пее, не признавајќи ги границите на државите, едноставно прелетувајќи ги. Така и поезијата, низ пишаниот и изговорен збор, не ги познава границите. „Славејот“ на 14. македонска книжевна визита вечерва во КИЦ во Софија беше театарскиот актер и режисер Ѓорѓи Ѓорѓиев-Антика, кој инспиративно ги водеше присутните низ богатата вечерна програма, читајќи поезија на македонски и бугарски јазик.

Книжевниот портрет на проф. д-р Владимир Мартиновски, поет и мултимедијален уметник, низ критичката реч на проф. д-р Лидија Капушевска-Дракулевска и читањето на поезијата од страна на Антика, во превод на Роман Кисјов, беше токму тој амалгам на креацијата и драмата за уживање во текстот. Правејќи извонреден пресек на книжевното творештво на Мартиновски, досега преведено на дваесетина јазици, Дракулевска го посочи како една од водечките личности на македонската современа поезија.

-Исклучителен талент, оригинален, автентичен, автентичен, космополитски ориентиран, надарен со чувства и фантазија, ритмички пријатен, духовит, досетлив и притоа многустрано образован; накусо, поседува сè што е потребно за со посредство на поезијата да креира еден нов свет и тоа во обичниот, реалниот живот, рече Дракулевска, меѓу другото, во нејзиното портретирање на Мартиновски.

Таа додаде дека Мартиновски со една фасцинантна леснотија успева да ги естетизира најбаналните, најобичните секојдневни мигови и да ни понуди вистинско читателско задоволство и уживање.

Следното задоволство и уживање на Македонската книжевна визита беше со поезијата на Роза Бојанова, поетеса, претседателка на здружението „Бургаска писателска заедница“ од Бургас, кое е посебно активно во негувањето соработка со македонскиот КИЦ во Софија и книжевниците во Македонија. Бојанова е годинешна добитничка на наградата „Македонски книжевен Дедал“. Владимир Цветковски, претставувајќи ја Бојанова во поздравната реч, ги посочи нејзините заслуги во негувањето на македонско-бугарските книжевни врски.

Македонската книжевна визита продолжува утревечер со омаж за Љубомир Левчев, еден од најзначајните бугарски поети на 20.век и добитник на „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата, а потоа и настап на дваесетина македонски и бугарски поети во КИЦ во Софија.

 Од Софија: Стојан СИНАДИНОВ / Рацин.мк

 

Tags: КИЦ на РСМ во СофијаМакедонска книжевна визита
Next Post

Сиот Филозофски факултет во Риека во знакот на 15 години Лекторат по македонски јазик: Македонистиката во Хрватска има далекусежни перспективи

Shortcut

Најново

Марш за слобода, Приштина, 12 септември 2026

Масовен „Марш за слобода“ во Приштина во пресрет на пресудата во Хаг: „Цело Косово ве чека, ослободители!“

September 12, 2026

(TECH FRONT рапорт) Дванаесет дена што ја раздвижија вештачката интелигенција: Модели од новата генерација и глобални предизвици

September 12, 2026
30 години независност, 2021

35 наспроти 30 години независност: 25 пати повеќе пари, нула транспарентност

September 12, 2026
Никола Спасов

Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

September 12, 2026

Руската амбасада ја претвори својата фасада во пропаганден билборд за окупацијата на Крим

September 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk