Родниот град на евровизиските претставници на Украина бил бомбардиран синоќа од руските сили само неколку моменти пред бендот Творчи да излезе на сцената во Ливерпул, објавија западните медиуми.
Градоначалникот на Тернопил, Серхиј Надал, изјави дека во нападот биле оштетени магацини, додека шефот на регионалната администрација Володимир Труш изјави дека најмалку две лица се повредени.
Само десет минути пред да излезат на сцената, групата Творчи на Инстаграм ги цитираа извештаите за нападот на Тернопил.
Тернопил е името на нашиот роден град кој беше бомбардиран од Русија додека пеевме на евровизиската сцена за нашите челични срца, нескротливоста и волјата, изјавија украинските претставници по настапот.
View this post on Instagram
Британската амбасадорка во Украина Мелинда Симонс напиша на Твитер: „Во меѓувреме, оваа ноќ на Евровизија, Украина е под уште еден руски ракетен напад. Потсетете се дека причината зошто Украина не можеше да биде домаќин на овој настан е затоа што Русија продолжува да врши инвазија, а народот на Украина живее во постојана опасност“.
Meanwhile, this #Eurovision night Ukraine is under another Russian missile attack. Reminder that the reason why 🇺🇦 could not host this event is because 🇷🇺 continues to invade and the people of 🇺🇦 live in continuing danger.
— Dame Melinda Simmons (@MelSimmonsFCDO) May 13, 2023
По настапот на Творчи, Симонс и честиташе на групата велејќи: „Творчи дефинитивно ја освои наградата за графика. Поставувањето беше брилијантно. И потресно бидејќи нивниот универзитетски роден град Тернопил беше цел на руски проектили оваа вечер“.
Tvorchi 🇺🇦 def win the prize for graphics. The staging was brilliant. And poignant as their university home town of Ternopil was targeted by 🇷🇺 missiles this eve.
— Dame Melinda Simmons (@MelSimmonsFCDO) May 13, 2023
Г. Т.