Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер денеска го пречека Володимир Зеленски во Шлос Белви, неговата официјална резиденција во Берлин, со што и официјално почна посетата на украинскиот претседател на Германија, која е прва негова посета откако Русија ја нападна Украина.
Зеленски изрази благодарност до Германија при потпишувањето во книгата за посетители во официјалната берлинска резиденција на Штајнмаер, објавија западните медиуми.
Во најпредизвикувачкиот период во модерната историја на Украина, Германија се покажа како наш вистински пријател и сигурен сојузник, кој одлучно стои рамо до рамо со украинскиот народ во борбата за одбрана на слободата и демократските вредности, напиша Зеленски на англиски.
Заедно ќе победиме и ќе го вратиме мирот во Европа. Ви благодариме, господине сојузен претседател, за личната поддршка на Украина и гостопримството, и на германскиот народ за фантастичната солидарност. Слава на Украина. Данке Дојчланд, напиша Зеленски.
Украинскиот претседател на Твитер, исто така, и се заблагодари на Германија за најголемиот пакет воена помош од почетокот на руската агресија.
I thank Germany for the largest military aid package since the beginning of the full-scale Russian invasion.
German air defense systems, artillery, tanks and infantry fighting vehicles are saving Ukrainian lives and bringing us closer to victory.
Germany is a reliable ally!…
— Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) May 14, 2023
Двајцата лидери ќе разговараат заедно со по уште четворица советници. Улогата на Штајнмаер е во голема мера церемонијална, додека Зеленски има извршни овластувања, како и шеф на државата.
Подоцна во текот на денот, германскиот канцелар Олаф Шолц ќе го пречека украинскиот лидер со воени почести по што ќе одржат тет-а-тет разговори. Потоа ќе се приклучат уште неколку функционери.
По средбата со Шолц закажана е и прес-конференција.
Во Ахен на Зеленски и украинскиот народ попладне ќе им биде врачена наградата „Карло Велики“ за придонес во европското единство.
Г. Т.