ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Битиќи и Шукова на регионалната конференција „Визии за зелена иднина: Партнерство за циркуларност“

May 23, 2023 10:41
in PMD, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ЗЕЛЕНА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

„Првата, можеби и најважна перспектива во трансформацијата на економиите е тие да вложуваат во креирање на производи кои имаат поголема долготрајност и истовремено да можат да се рециклираат за целиот циклус да биде одржлив. Клучен момент во овој процес е и нашето вложување во енергетска ефикасност и производство на енергија од обновливи ресурси. Забрзаното напуштање на фосилните горива е клучниот и највиталниот аспект на зелената транзиција. Ова вклучува проширување на употребата на соларна, ветерна и хидро енергија, како и инвестирање во енергетски ефикасни технологии и инфраструктура, иатакна вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи во првата сесија „Трансформација на економијата на локално и национално ниво: Стратегии, предизвици и перспективи на циркуларната економија“ на конференцијата на ЦИВИЛ под наслов „Визии за зелена иднина: Партнерство за циркуларност“.

Министерка за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова нагласи дека евидентен е фактот дека живееме во свет во кој еколошката криза, глобалната геополитичка динамика, политичките турбуленции и тековната трансформација на моделите на производство и потрошувачка се алармантни.

„На глобално ниво се говори дека ова е крај на вообичаениот бизнис. Едноставно, не можеме да продолжиме со праксата која вклучува 30% од населението да биде без пристап до основните услуги за управување со отпад, а од друга страна со апатија да го следиме растечкиот број на диви депонии кои стануваат опасност за здравствената состојба.

Ние како Влада го препознаваме непотребното создавање на отпад при секојдневното консумирање на производи, како и финансиските, еколошките и социјалните трошоци на создавањето на непотребен отпад и потребата за соодветно управување со нашите лимитирани ресурси. Од тука првичен фокус ставаме на превенцијата – спречување на создавањето на отпад.  Донесен е и првиот „План за спречување на создавање на отпад на Република Северна Македонија за 2022- 2028“ со кој се демонстрира, на национално ниво, заложбата на земјата за намалување, од година во година, на количината на отпад што ја создаваме. Успешната реализација на овој план зависи од тоа дали ќе бидат покриени повеќе сектори и дејности, a планот треба да биде катализатор за развој на нови, иновативни партнерства помеѓу различните сектори што ќе бидат посветени на спречувањето на создавањето отпад“, рече Шукова.

Овој настан е дел од големата регионална иницијатива за одбележување на Неделата на циркуларна економија на Западен Балкан (22-26 мај 2023) под мотото „Партнерство за циркуларност“ што го спроведува регионалната мрежа ЛогЕкс, на иницијатива на угледната тинк-тенк организација Балкан Форум од Косово, а со поддршка од Rockefeller Brothers Fund од САД.

Д.М. / Зелен Цивил

Tags: БитиќиЗелен ЦивилКонференцијаШукова
Next Post

МТФ „Војдан Чернодрински”: Претставата „Црнила ремикс” гостува во Прилеп

НАЈНОВО

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или .ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025
Скриншот

Дијамантски брош на Наполеон, продаден за над 3,5 милиони франци

November 13, 2025

Пакистанскиот парламент изгласа доживотен имунитет за претседателот и командантот на армијата

November 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ДИК: Надоместоците за изборните органи за Локалните избори 2025 нема да се намалат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стабилни буџети, нестабилни приоритети – општините во фискален парадокс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Дали Панкерот и кумовските врски на Мицкоски се под истрага – скандалот со ИПАРД води до врвот на власта

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 13 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фатјон Софта: Северна Македонија, Косово и Албанија – под закана од тајни саботажи и дезинформации од Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk