ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Сè што отсекогаш сте сакале да знаете за рашизмот (но се плашевте да прашате)

May 25, 2023 11:58
in PMD, АНАЛИЗИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС
Фото: Укринформ

Фото: Укринформ

Share on FacebookShare on Twitter

Рашизам – новиот руски тоталитаризам. Рaшизмот е шизофреничен вид на комплексот на доминација во светот, а се однесува на идеологијата и општествените практики на руската држава кон крајот на 20 и почетокот на 21 век, кованица од зборовите „руски“ и „фашизам“.

Терминот рашизам, познат и како русизам или руски фашизам, е термин што го користат голем број научници, политичари и публицисти за да ја опишат политичката идеологија и општествените практики на руската држава кон крајот на 20-от и почетокот на 21-от век, а особено за време на владеењето на Владимир Путин.

Историја на употребата на терминот „рашизам“

Терминот беше популаризиран во форма рашизам или русизам (русизм), опишан и широко користен во 1995 година од претседателот на непризнаената чеченска држава Ичкерија Џохар Дудаев, кој воената акција од страна на Русија во Чеченија ја гледаше како манифестација на подемот на идеологија на екстремната десница.

Според Дудаев рашизмот е разновидна идеологија на омраза која се заснова на големорускиот шовинизам, бездушноста и неморалот. Се разликува од другите форми на фашизам, расизам и национализам со поекстремна суровост, како кон човекот така и кон природата. Се заснова на уништување на се и секого, на тактиката на изгорена земја. Рашизмот е шизофренична разновидност на комплексот на доминација во светот. Ова е посебна верзија на психологијата на робовите, таа расте како паразит врз фабрикуваната историја, окупираните територии и угнетените народи.

Се верува дека Дудаев го позајмил терминот или од делата на рускиот револуционер и филозоф Александар Херцен или рускиот филозоф и дипломат Константин Леонтиев.

По смртта на Дудаев, терминот продолжи да се користи од страна на водачите и идеолозите на чеченските бунтовници, особено Аслан Масхадов, кој како службен претседател на Ичкерија го посочи рашизмот за главен непријател на Чеченија.

Терминот „рашизам“ најактивната употреба ја доживува од 2014 година, со руската нелегална анексија на Крим.

Врховната Рада усвои резолуција во која политичкиот режим во Русија го дефинира како рашистички, со која резолуција украинскиот парламент го донесе првиот регулаторен акт во светот кој го содржи овој термин и истовремено го дефинира, пренесува Укринформ.

Потеклото на рашизмот

Украинските законодавци ги разгледаа делата од Тимоти Снајдер, Ен Еплбаум, Марк Липовецки и други истражувачи. Во резолуцијата се наведува дека рушизмот е тоталитарна идеологија и практика, на чие формирање влијаеле:

– Руски шовинизам и империјализам (чувство на супериорност во однос на другите народи и вербата во правото на Русите да владеат над нив);

– Советскиот тоталитарен режим;

– Германски националсоцијализам (нацизам).

Карактеристики на рашизмот

– Системски прекршувања на човековите права и слободи

– култ на сила и милитаризам

– култ на лидерот на државата

– самовозвишување на Русите и негирање на постоењето на други народи (ширење на наративот за „обединет“ или „братски“ народ и Русија како „постар брат“)

– економска и енергетска уцена на други држави

– закани за употреба на нуклеарно оружје

– ширење на рускиот јазик и култура меѓу другите народи, употреба на Руската православна црква и медиумите за ширење на идеологијата на „рускиот свет“

– систематско нарушување на територијалниот интегритет на други држави, непочитување на меѓународното право

– создавање на нелегални вооружени групи на територијата на други држави, финансирање на тероризам

– систематско извршување на воени злосторства и злосторства против човештвото

– примена на методи на терор, геноцид, организирање на прогон на национална, верска и друга основа.

Врховната Рада го дефинираше рашизмот. Што значи тоа за Украина?

Терминот „рашизам“ е воведен во украинското политичко и правно поле. Ова е првиот чекор кон запишување на терминот и осуда на идеологијата на рашизмот на меѓународно ниво. Врховната Рада апелираше до ОН, Европскиот парламент, парламентарните собранија на Советот на Европа, НАТО и ОБСЕ, странските парламенти и влади да го осудат рушизмот.

Одлуката на Врховната Рада:

– создава услови за формирање на унифициран пристап на меѓународните институции кон идеологијата, чиј директен резултат беше агресивната војна против Украина.

– го поедноставува гонењето на руските воени злосторници, вклучително и пропагандистите и идеолозите.

– помага да се утврдат одговорните за воени и други злосторства, ставајќи ја одговорноста не само на Путин и руската армија, туку и на сите поддржувачи на криминалната идеологија.

– го приближува светот до сознанието дека осудата на идеологијата на русизмот и уништувањето на режимот заснован на него се предуслов за обезбедување меѓународна безбедност и мир.

Дали Умберто Еко би го нарекол рускиот режим фашистички?

Истакнатиот италијански филозоф и писател Умберто Еко идентификувал 14 карактеристики на оваа тоталитарна идеологија во неговиот есеј Ур-фашизам (1995).

Да се обидеме да разбереме кои се овие карактеристики и кои од нив може да се видат во модерна Русија, чија идеологија е во склад со фашизмот – рушизмот.

1. Култот на традицијата. Дефинитивно се работи за Русија. „Духовните производи“ и шпекулациите за „традиционалните вредности“ ја формираат основата на државната идеологија и се дел од реториката на владетелите и пропагандистите.

2. Отфрлањето на модернизмот. Русија ја одржува советската традиција да се спротивставува на „Гнилиот Запад“ како олицетворение на напредокот во сите сектори.

3. Ирационализам. Заедно со отфрлањето на се што е западно, Русите се обидуваат да го имитираат, градејќи ги своите симулакри како Сколково.

4. Несогласувањето е предавство. Критиките на Путин и на политиката на Кремљ се перципираат како „непочит кон татковината“.

5. Страв од разлика. Во Русија е забранет политичкиот натпревар. И покрај мултинационалниот состав и формално федералниот државен систем во Русија, постои високо ниво на ксенофобија и расизам. Хомофобијата е де факто компонента на државната идеологија.

6. Апел до фрустрираната средна класа. Пропагандата на Кремљ беше изградена за да ги спротивстави „гладните“ 90-ти на Елцин со „добро нахранетите“ 2000-ти на Путин. И многу Руси доброволно ја заменија слободата за „стабилност“.

7. Опсесија со заплет. Теориите на заговор не се популарни само меѓу обичните Руси. Самиот Путин редовно ја поттикнува вербата во нив, објаснувајќи ги неуспесите на Русија со заговор на „колективниот Запад“.

8. Непријателите во исто време се премногу силни и премногу слаби и лесно се совладаат. Поттикнувањето на презир кон Украина, САД и „колективниот Запад“ со нивната истовремена демонизација се омилени теми на руската пропаганда.

9. Идејата за трајно војување. Русија е претставена како опколена тврдина која е постојано загрозена од непријателите. И поради тоа, наводно мора редовно да ги напаѓа нејзините соседи.

10. Елитизам и презир кон слабите. Власта го презира населението кое нема никакво влијание врз неа. Во општеството, постојат традиции на понижување и насилство врз подредените, оние посиромашните или послабите.

11. Секој е образован да стане херој. Значителен дел од руското општество е подготвено да оди или да испрати свои деца во војната со Украина за да умрат таму.

12. Мачизам. Руската политичка култура е јасно сексистичка, а главен секс симбол на Русија е Путин, со неговите топлес фотографии и вулгарни шеги.

13. Популизам. Путин редовно се повикува на „волјата на народот“, а пропагандата покажува слика на масовна поддршка за диктаторот и неговите глупости.

14. Употребата на новоговорот. Со доаѓањето на Путин на власт во Русија, експлозиите беа заменети со „бумови“, повлекување на војската – со „гестови на добра волја“. И да: Русија не се бори против Украина, туку само спроведува „специјална операција“.

Умберто Еко верувал дека за да се препознаат различни варијации на фашизмот, не е потребно да се имаат сите 14 знаци, доволни би биле неколку  од нив. Но, рашизмот успеа да ги собере сите.

Драган Мишев / Цивил Медиа

Tags: Владимир ПутинрашизамРусијаруска агресија врз Украинатоталитаризам
Next Post
AAP Image: Nine News Sydney

Пожар во зграда во центарот на Сиднеј

Shortcut

Најново

Втората сезона на Eyes on Democracy почна со разговор за иднината на Украина и Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

August 28, 2026
Конц-логор Омарска, 1992, БиХ.

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026

Уште еден пациент почина од западнонилска треска, шести случај со смртни последици

August 27, 2026
Илустрација Фронтлајн

Нафтен танкер погоден од непознат проектил во Ормуската Теснина

August 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦРВЕН АЛАРМ НА ТЕРЕН: Се водат исцрпувачки битки со огнот, 9 активни пожари низ земјата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Една година под истрага, а без обвинение: Кој ќе ја надомести штетата на осомничените во „Мазут“?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk