Драги читателки и читатели,
Следејќи го Фронтлајн, ќе забележите дека политичката ситуација во земјата, иако сè уште затегната, доби нова динамика, откако шефот на ВМРО-ДПМНЕ се согласи да даде поддршка на уставните измени. Се разбира, таа своја кооперативност ја „зачини“ со неколку услови, меѓу кои главните му се тој да влезе во владата, а ДУИ да излезе од неа.
Деновиве е во тек е вжештена внатрепартиска дебата во Белата Палата. Мицкоски, пак, удри со тужби по медиумите. Џабир Дерала „заработи“ дури две тужби од Мицкоски.
За тоа време, пристигнаа и нови позитивни сигнали од ЕУ и САД поврзани со уставните измени. Да се надеваме дека разумот и логиката ќе надвладеат над апетитите за власт и национализмот.
На меѓународен план, Украина останува на врвот на интересот на светската јавност и политичките естаблишменти. Офанзивата за ослободување на земјата е започната, но истовремено се засили и рускиот ракетен терор врз цивилното население. Експретседателот на САД, Доналд Трамп, по вторпат е изведен пред суд и се соочува со бројни кривични предмети против него.
Ова е десетто издание на вашиот омилен њузлетер. Споделете го со вашите пријателки и пријатели и останете на Првата линија, заедно со нас.
Срдечен поздрав,
Редакција Фронтлајн