РИБАРО
Друштво, решив – се селам во Исланд. Сите сте добредојдени, ги информирал Мицкоски своите блиски соработници од ВМРО-ДПМНЕ, дознава АХА.
„Оние споредби што ги правев со Исланд и Македонија и како тие ги прекинаа преговорите со ЕУ во интервјуто со Гоце на Канал5, е, тоа ми беше иницијалната каписла да се одлучам на еден ваков чекор.
Навистина кога може еден Исланд да ги прекине преговорите, зошто побогу не би го направиле и ние тоа. Токму затоа, одам да соберам искуства, па здравје боже, може и да ви се вратам еден ден.
Башка може да ми понудат професорска катедра и неколку хидроцентрали во моја сопственост, ако решам да се преселам кај нив. Никогаш не се знае“, рекол Мицкоски.
„Ама шефе:
Во Исланд нема синови од професори да се асистенти кај својот татко.
Во Исланд нема сопственици на Хидроцентрали со професорска плата…
И шефе, земете си џемперче, да не настинете“, забележал еден од соработниците на Мицкоски.
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK