ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Најмалку девет Палестинци убиени и околу 100 ранети во израелскиот напад врз Џенин

July 4, 2023 09:25
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Најмалку девет Палестинци се убиени во вчерашниот израелски копнен и воздушен напад врз Џенин, што претставува првпат во последните речиси две децении еврејската држава да почне вака голема воена офанзива врз град на Западниот Брег.

Палестинското Министерство за здравство доцна синоќа соопшти дека околу 100 Палестинци се повредени, од кои 20 се во критична состојба.

Израел ја смета областа Џенин за милитантно упориште и лансирна рампа за нападите врз Израелците.

Операцијата „Дом и градина“, за која Израел рече дека е насочена кон „терористичка инфраструктура“, почна вчера во раните утрински часови со напади со беспилотни летала. Вклучена беше и копнената војска. Поголемиот дел од воените дејствија се одвиваат во бегалскиот камп Џенин, кој во последните години беше сцена на битки меѓу израелската армија и милитантите. Во кампот, што се наоѓа веднаш до градот, има околу 17.000 жители.

Израелските војници конфискуваа оружје и експлозиви и уапсија неколку лица.

На снимките објавени на социјалните мрежи се гледа како луѓето ги напуштаат своите домови поради израелските напади. Синоќа  имаше спротивставени извештаи за тоа дали Израел барал жителите на кампот да го напуштат кампот.

Палестинските медиуми јавуваат дека израелската армија им наредила на палестинските семејства да си заминат. Израелските безбедносни претставници негираа дека има таква наредба за евакуација, но нагласија дека луѓето бегаат од борбите меѓу војниците и вооружените палестински милитанти.

Портпаролот на израелската армија Ричард Хехт рече дека армијата не сака да го окупира градот, кој е под контрола на палестинската управа (ПА), но дека Џенин не може да продолжи да биде „безбедно засолниште за терористите“.

Портпаролот на палестинскиот претседател Махмуд Абас ја осуди израелската операција како „ново воено злосторство“ и ја повика меѓународната заедница „да го прекине својот срамен молк и да преземе сериозни мерки“.

Tags: израелски нападПалестинциубиениЏенин
Next Post

Дипломати: Земјите членки на НАТО ќе побараат од Столтенберг да остане шеф на Алијансата уште една година

Shortcut

Најново

Михаил Звинчук

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Звинчук и неодговорените прашања за руските мрежи на Балканот

October 11, 2026

Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Црн биланс од руските напади минатата ноќ во Украина: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

October 10, 2026

Дали вештачката интелигенција има права? Шефот на Microsoft AI предупредува на опасноста од создавање машини што веруваат дека се свесни

October 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мартин Тасевски

    Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk