ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Сагата на наследникот на Никола Грувески: За „гола“ власт ги оштетува државните интереси

July 7, 2023 15:06
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Сагата на наследникот на Никола Грувески, актуелниот лидер на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски еднаш да ја урне власта, а еднаш да стане дел од неа, почнаа од ноември 2020 година. Тој побара оставка од тогашниот премиер Зоран Заев и формирање на проширена Влада. Заев се повлече од политиката, а Мицкоски повторно остана неуспешен опозиционер и неодговорен кон државните интереси.

Една година подоцна, во ноември 2021 година, Мицкоски најави ново парламентарно мнозинство и симнување на СДСМ од власт, но математиката за ново парламентарно мнозинство беше помалку од 61 пратеник.

Неодамна повторно повика на проширена Влада, но овој пат во неа да не биде ДУИ. Што беше прифатено од партиите од парламентарното мнозинство. Но, Мицкоски набрзо се откажа. Тој и неговата партија повторно одбиваат да преземат одговорност за стратешките интереси на државата, повлекувајќи се од гласањето за неопходните уставни измени, за Северна Македонија да продолжи непречено на својот пат кон ЕУ. Иако првично се согласи да гласа за уставните амандмани, со прифаќање на сите негови услови и од страна на СДСМ, ДУИ, Алијанса за Албанците, но тој повторно се повлече, залагајќи се за предвремени парламентарни избори, иако регуларните ќе се одржат следната година.

Моника Зајкова
Моника Зајкова

Моника Зајкова, пратеник и претседател на Либерално демократска партија (ЛДП) за „Фронтлајн“ вели дека како и сите други политичари и Мицкоски во политиката е за да носи одлуки кои се од интерес за државата и кои носат подобро и полесно секојдневие на граѓаните.

„Јас не сум поставена од граѓаните за да одговорам за делувањето на некој друг, но да одговорам пред нив за моето дејствување во Собранието, како и за она што го работи партијата која ја предводам – Либерално-демократската партија. Лидерот на опозицијата е возрасен човек кој носи одлуки и одговара за истите. Како што секој има лична одговорност за сопствените одлуки кои ги донесува или пак за неодлучноста. Сепак она што е различно од личното е што сите како политички субјекти имаме одговорност кон граѓаните, државата и нејзиниот развој. Во политиката сме влегле за да носиме одлуки кои се од интерес за државата и кои носат подобро и полеснето секојдневие на граѓаните“, изјави Зајкова за „Фронтлајн“.

Она што може да го кажам, додава таа, за себе како политичар е дека додека сум во политика ќе правам се што е во моја моќ да немаме повеќе изгубени и потрошени генерации и да правиме позитивни промени во општеството.

„Дебатата за процесот пред кој сме исправени треба да се води со искрени аргументи што добиваме, а што губиме. Само ќе потсетам дека ако во минатото се носеа храбри и државнички одлуки одамна ќе бевме рамноправни на масата во ЕУ и ние ќе бевме тие кои ќе креираа политики и поставуваа критериуми. Да не дозволиме нова пропуштена шанса и изгубени генерации поради суети и партиски поени“, потенцира Зајкова.

Исмет Рамадани
Исмет Рамадани

Исмет Рамадани од Евроатланскиот совет на Македонија (ЕАСМ) нагласи дека Мицкоски е познат по тоа дека на јавни настапи е брзоплет во неговите изјави, за кои се доведува во ситиација да ретерира.

„Тој повеќе се грижи да остави впечаток како ,,голем” патриот манипулирајки со емоциите на неговите следбеници. Неговата преголема желба час по бргу да биде премиер го прегорува неговата одговорност за европската иднина на нашата татковина. Затоа, тој не е конзистентен кога и како да стане дел од владата, и кога му се нудат крајно џентлменски позиции од премиерот Ковачевски, прифаќајки му барања како негови поставени услови. Условот за уставни измени со одложено дејство не зависи од премиерот Ковачевски, тоа зависи од Еу. Ако тој е искрен за такво барање, нека биде дел од владата и заедно со другите чинители, без ДУИ по негово барање, нека се обиде пред ЕУ да бара уставни измени со одложено дејство“, вели Рамадани.

Според него, Мицкоски во интерес на државата мора да ги почитува и пораките кои доаѓаат од нашите евроатлантски партнери.

„Нивните пораки се јасни и децидни дека без уиставни измени се блокира членството на нашата земја во ЕУ. Со неговите ставови, час влегува час не влегува во влада, ги злоупотребува со популизам и национализам во време кога сиот евроатлантски свет изрично му се спротивставува. Уште малку време му преостанува да се врати во реалноста, во спротивно кје ја внесе во непредвидлива авантура и партијата и државата. Време е да им каже НЕ на разни инсајдери, публицисти и интелектуалци кои свесно или несвесно се пропагатори на агенди кои одат во прилог на тие кои се против членството на нашата земја во ЕУ. Во крајната цел, се знае кој има право на слободно мислење а кој треба да донесе одлуки со почитичка и државна одговорност, дури и како опозициона партија“, потвлекува Исмет Рамадани од ЕАСМ.

Благојче Атанасоски
Благојче Атанасоски

Од друга страна, политикологот Благојче Атанасоски вели дека лидерот на опозицијата, веројатно по првиот обид за промена на своите ригидни ставови околу внесување на бугарското малцинство во македонскиот Устав, се врати назад во своите длабоко зацртани рововски позиции, со кои не отстапува од ставот дека,, уставни измени под бугарски диктат нема да има “.

„Тоа е во насока на калкулација за внатрепартискиот рејтинг, кој би се стопил доколу ги прифати уставните измени, односно сериозен дел од гласачкото тело во таква ситуација ќе му биде одземено и одлеано на контото на ултрадесничарската политичка партија,, Левица “. Сепак тоа не е државничка одлука и одлука од национален интерес доколку вие калкулирате исклучиво со личен и партиски интерес, занемарувајќи го државниот. Овие неколку седмици ќе видиме дали ќе има и под кои услови ќе има уставни измени или дали ќе нема и Македонија ќе го сопре својот евроинтегративен пат и ќе влезе во своевидна нова политичка криза и ,,жешка политичка есен”, изјави Атансоски за „Фронтлајн“.

Дестан Јонузи

Tags: Благојче АтанасоскиВМРО-ДПМНЕИсмета РамаданиМоника ЗајковаНикола Гревскиуставни измениХристијан Мицкоски
Next Post

Грковска- Вуцас: Политичарите треба да имаат широка визија, нивните одлуки влијаат врз стабилноста и напредокот на целиот регион

Најново

Филипче за унгарскиот кредит: Кој ги зел провизиите е клучното прашање?

May 6, 2026
Анаис. Мо5тив, Прилеп

Дневен хороскоп со Анаис за 6 мај 2026: Ден за стабилизација и цврсти одлуки

May 6, 2026

Месечен хороскоп со Анаис за мај 2026 – Трансформации и нови почетоци

May 6, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Кривични пријави за родителите на малолетничките кои претепаа 13-годишно девојче во Ѓорче Петров

May 5, 2026

Бочварски: За две години власта нема ниту еден нов проект, се фали со проектите на СДСМ

May 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk