ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Тренчевска: Нашата држава беше препознаена како земја – лидер која многу направи за родовата еднаквост

July 7, 2023 15:43
in ДЕНЕС, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска беше гостин во емисијата „Студио 10″ на Телевизија 24. Во телевизиското интервју стана збор за анти-родовите движења, новиот Предлог закон за родова еднаквост и вистинската суштина на ова законско решение, расчистување на дилемите околу поимите пол, род и родов идентитет, како и новата серија настани насловени „Остави трага” каде во фокусот се младите, а во организација на Министерството за труд и социјална политика, Совет на Европа и Институтот за добро владеење и евроатлантски перспективи.

„Се она што беше лиферувано во јавноста беше невистина, манипулација и незнаење, но во никој случај не беше суштината на процесите на двата закона, особено за родова еднаквост. Се очекуваше да дојде и кај нас тоа анти-родово движење,” рече Тренчевска.
Таа осврнувајќи се на анти-родовите движења посочи дека Србија успеала да ги премости проблемите, но Чешка и Полска имаат донесено штетни закони со кои се уназадува положбата на жената.

„Нашата држава и тоа не само во рамки на регионот, беше препознаена како земја лидер, која многу направи за родовата еднаквост, за еднаквоста меѓу мажите и жените и антидискриминацијата. Ние сме првите кои донесоа Закон за еднаквост на жените и мажите во регионот. Ние за еднаквост зборуваме од 1946 година, кога во време на Југославија, за прв пат се даде правото на глас на жената. Започнавме да зборуваме за родова еднаквост во 1995 година после првата конференција во Пекинг, односно четвртата женска конференција во Пекинг, кога тогашниот претседател Глигоров се обврза дека ќе се насочи државата да воспостави механизми за родова еднаквост. Еднаквите можности на мажите и жените се алатка. Нам ни е воспоставена таа еднаквост и треба да продолжиме да ја унапредуваме положбата на жените и мажите, “рече Тренчевска.

Во врска со Предлог Законот за родова еднаквост, министерката посочи дека, не се очекувала таква реакција во јавноста, со оглед дека претходно биле одржани 18 јавни расправи, и дека ова законско решение се работи од 2019 година. Притоа, ја потенцираше и јавната расправа одржана и за пратеничките од сите партии, од каде што не произлегла ниту една суштинска забелешка, сите дале целосна и безрезервна поддршка на законот, за подоцна дел од нив излезат на протест кој го организираше МПЦ.

Министерката ги појасни поимите пол, род и родов идентитет.

„Полот е биологијата она што не прави различни мажите и жените, родот е социјалниот конструкт, она што општеството го наметнува како улога за девојчињата и момчињата, и тоа е менливо затоа што општеството се демократизира и се разликува од култура до култура,” истакна Тренчевска.

Таа посочи дека причината за ваквата реакција може да биде и непознавањето на концептот, бидејќи кога луѓето се неинформирани имаат најмногу предрасуди.

Тренчевска истакна дека во Предлог законот за родова еднаквост, ниту во еден сегмент, ниту одредба не регулира истополови бракови и промена на полот. Законот промовира еднаквост на жените и мажите, како и зајакнување на механизмите за родова еднаквост. Притоа ја вклучува и родовата перспектива, дава можности и алатки како да се вклучи родовата перспектива во политиките, и стратешките документи, како што беше направено во Законот за буџети со вклучување на родовата перспектива, во креирањето на буџети во државата,” истакна Тренчевска.

Таа се осврна на серијата настани под наслов „Остави трага”, кои се организираат заедно со заедно со Институтот за добро владеење и евроатланстски перспективи и Советот на Европа, а во фокусот се младите.

„Тоа се позитивни настани, вклучена е музиката, сликањето, театарот и споделување на лични приказни од жени и мажи кои успеале во животот. Секој од нас има различна приказна свој пат, но на крајот имаме ист цел, како да ги реализираме нашите соништа. Целта е да допреме до младите, да ги прикажеме можностите кое ги нуди општеството. Зборуваме за активација на пазарот на труд , ментално здравје, да го слушнеме гласот на младите, да се насочиме со позитивни примери,” порача Тренчевска.

Tags: МТСПродова еднаквостТренчевска
Next Post
Билатерален скрининг за Поглавје 27 – Животна средина и климатски промени, како дел од Кластер 4

МЖСПП: Успешно завршен билатералниот скрининг за животна средина и климатски промени

Shortcut

Најново

Number 10 Downing Street is the headquarters and London residence of the Prime Minister of the United Kingdom.

10 години по Брегзит: Изгубените години за младите и бавното враќање кон Европа

June 24, 2026

„BorderBite“ во Стар Дојран: Локални производи и култура ќе ги поврзат граѓаните од двете страни на границата

June 24, 2026

СДСМ бара „ДКСК да го истражи скандалот со Јанушев и поврзаноста со бугарска фирма“

June 24, 2026

Со поддршка од НАТО, ЦУК започнува модернизација на системот за управување со кризи

June 24, 2026

Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

June 23, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk