ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ахмети на средба со МНР на Австрија, Чешка и Словачка – европскиот пат на земјата главна тема

July 13, 2023 15:50
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Демократска Унија за Интеграција, г. Али Ахмети се сретна со министрите за надворешни работи на Австрија, г. Александар Шаленберг, на Чешка, г. Јан Липавски и на Словачка, г. Мирослав Влачовски, во рамките на нивната официјална посета на нашата земја.

Главна тема на разговор на оваа средба беше европскиот пат на земјата, важноста и неопходноста од усвојувањето на уставните измени, скрининг процесот, предизвиците на реформирање на земјата во европски дух, како и важноста на одржувањето на домашната и регионална стабилност.

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, ги информираше дипломатите на земјите членки на Европската унија за заложбата и планот на владината коалиција за трасирање на безбедниот пат кон европскиот хоризонт, за иницијативата на европскиот фронт кој успешно ќе го предводи виталниот процес на усвојување на уставните измени, кој не треба да се перцепира само како услов за деблокирање на европскиот пат, туку и како механизам за зајакнување на демократските капацитети на земјата.

Ахмети потенцираше дека земјата има прогресивни сили кои се грижат за одржување на проевропската ориентација на земјата, кои се посветени за финализирање на скрининг процесот, за таргетирање на клучните точки на дејствување во насока на реализација на реформите во европскиот дух и ставање на располагање на сите институционални капацитети за успешно надминување на сите предизвици кои ќе произлезат од интегративниот процес.

Тој изрази благодарност за досегашната поддршка на сите земји членки на Европа за сите досегашни достигнувања на земјата, барајќи од нив продлабочување на таа поддршка за европската иднина на земјата.

Домашната, регионалната и стабилноста на целиот европскиот континент е приоритетно прашање што може да се гарантира само преку европската интеграција на земјите од Западен Балкан. Овој пат не треба да биде загрозен и не треба да се држи во заложништво европската иднина на граѓаните.

Tags: АхметиДУИМНРсредба
Next Post

Во јужна Европа повеќе од 40 степени во наредните денови

Најново

Мицкоски ги повика граѓаните да летуваат дома поради гужвите кон ЕУ

May 4, 2026

Јубилеен 25. ОФФест: Богат музички свет со фокус на Африка во првата недела од јуни

May 4, 2026

Груевски напаѓа од Будимпешта, Филков чека документи а СДСМ обвинува за саботажа

May 4, 2026

Која е Силвија Салис – поранешната олимпијка и актуелна градоначалничка на Џенова која би можела да ја сруши Мелони

May 4, 2026
Анаис. Мотив. Скопје

Дневен хороскоп со Анаис (4 мај): Активирање на визијата и слободата

May 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk