ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Костадиновска-Стојчевска од Париз: Уметноста преку „Отворен Балкан“ нè зближува со Европа

July 14, 2023 09:22
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Синоќа во Културниот центар на Србија во Париз, во присуство на многубројна публика од јавниот живот и од дипломатскиот кор, највисоките претставници од амбасадите на Северна Македонија, Албанија и на Србија, на уметници, беше отворена изложбата „Супстрати“ – заеднички проект на иницијативата „Отворен Балкан“.

На изложбата, која е под покровителство на министерствата за култура на трите балкански држави, се обрати министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, која со своите колешки, министерките Елва Маргарити и Маја Гојковиќ, ја потврди идејата за афирмација на целите на Иницијативата за креирање европски држави на Балканот, а во тоа културата има силно влијание.

– „Супстрати“, збор што јас го толкувам како сојуз во креативноста, е насловот под кој вечерва се собравме во Градот на Светлината за да го испочитуваме дијалогот меѓу уметниците, да се восхитуваме на заедничкото творештво и да додадеме агол на светлината, не за да го засилиме одразот на сенките на Балканот туку за да ја извадиме од сенка сета убавина на културите на Балканот. Зашто Балканот е плодна почва за нашето културно стебло, за чија здравост сведочи раскошната крошна на која еднакво ѝ е неопходна светлината –рече министерката Костадиновска-Стојчевска.

Таа ѝ се заблагодари на кураторката Клаудија Паецолд за извонредната замисла, како и на авторите: Кристина Пулејкова, Нина Жељковиќ и Дриант Зенели, кои, како што рече, го бараа и проникнаа во најдоброто во културата на соседот.

Министерката за култура Костадиновска-Стојчевска им се заблагодари на уметниците зашто, како што вели, тие отидоа длабоко во историјата, за да ни овозможат повторно да се сретнеме во овој миг и да продолжиме кон иднината – европската, демократската, хуманата …. – зашто тоа е патот што го посакуваме, и додаде:

– Цврсто верувам дека силата на културата, соработката, креативноста ќе ја израснат и политичката соработка. Културата секогаш нè издигнува на ново, поквалитетно ниво. Затоа и овојпат не изостана поддршката на трите министерства за култура – српското, албанското и македонското. И тука сме, во прекрасните простории на Културниот центар на Србија во Париз, во духот и на иницијативата „Отворен Балкан“. „Отворен Балкан“ не значи дека сите прашања на Балканот се затворени. Но, да се отвори Балканот, тоа веќе е прашање на далековидост и широчина. Процесот е започнат, а „Супстрати“ е доказ за цврстината на стеблото што го негуваме. Глупаво е да го искушуваме врежувајќи иницијали, како лоши пораки, на неговата кора – заврши Костадиновска-Стојчевски на отворањето на големиот настан за балканската култура во европски рамки.

Министерката за култура на Албанија, Елва Маргарити, зборуваше за Балканот како раздвижен и помалку разбрануван регион, каде што силно се дискутира за потеклото на некоја песна, но истовремено сите продолжуваме да ја пееме истата песна, да ги раскажуваме заедничките легенди, да свириме на истите инструменти. Таа кажа дека оваа изложба како регионален проект, и уметноста воопшто, е причината зошто сме сите овде заедно.

– Културата, како што покажа историјата, отсекогаш била мост на комуникација и поврзување меѓу народите. Оваа изложба е, исто така, добар пример за слободното движење на уметниците на Балканот и покажува дека тие се дел од еден културен мозаик многу поголем од локалниот. Нашите влади се посветени на активна поддршка и олеснување на овој регионален културен мозаик преку билатерални договори – порача Маргарити.

Министерката за култура на Србија, Маја Гојковиќ, зборуваше за важноста на оваа изложба, која е резултат на само една година работа по потпишувањето на Меморандумот за соработка на „Отворен Балкан“ во Охрид.

– Покажавме дека културата не познава граници, ниту е роб на предрасудите и дека таа лесно ги надминува сите бариери. Проектот „Отворен Балкан“ и сето она што досега е постигнато благодарение на него се заеднички напор кон создавање нова, секако подобра слика за нашиот регион во светот – рече Гојковиќ.

Изложбата „Супстрати“ се фокусира на современата уметност и ги нагласува фундаменталните врски меѓу трите земји во рамките на „Отворен Балкан“. Поставката, која е доказ за трансформациската моќ на уметноста и културата во обединувањето на нациите, ќе биде отворена до 12 август.

Tags: „Супстрати“Костадиновска СтојчевскаОтворен Балканпариз
Next Post

Николоски на средби во седиштето на Светска банка – Се идентификуваат приоритетите во новата четиригодишна Рамка за партнерство

EVN

НАЈНОВО

Анаис хороскоп, Македонија,, Скопје - Камен мост

Дневен хороскоп со Анаис – 17 април 2026

April 17, 2026
онкологија

Цаневска: Два месеци недостасуваат клучни лекови, системот во колапс

April 16, 2026

(ФОТО) Силни пораки од протестот на културните работници: Многу лоша улога Министре

April 16, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Анаис хороскоп, Македонија,, Скопје - Камен мост

    Дневен хороскоп со Анаис – 17 април 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Критичната атлантска струја е пред колапс: Научниците предупредуваат на катастрофални последици

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Секнува унгарското масло за македонските пропагандисти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Протест на СКРМ: Трпението е потрошено, достоинството е понижено

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Полска веднаш побарала екстрадиција, а владата на Мицкоски чека и му отвора пат за бегство на Груевски, обвинува СДСМ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk