ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Голем број поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ не го препознаваат Мицкоски за нивни лидер

July 15, 2023 14:26
in PMD, ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Ако 80% од граѓаните јасно ја искажуваат својата волја да бидат дел од ЕУ, тогаш ВМРО-ДПМНЕ со своето однесување оди во погрешна насока. Недозволиво е оваа партија да оди против волјата на својот народ, а секојдневно да бара подршка од него за предвремени избори.

Треба да се има предвид дека огромното мнозинство граѓани се определиле за членство во ЕУ од економски причини, од потребата за подобар животен стандард, а не од делумно наметнати причини што оваа опозициска партија преку дезориентираните медиуми секојдневно ги пропагира во јавноста.

Ние сакаме на Запад во ЕУ, ВМРО не турка на Исток

Анкетата на ИРИ тоа јасно го потврдува. Имено, за мнозинството граѓани (20%) прв најголем и втор најголем проблем е економската ситуација, животниот стандард. Корупцијата која во последно време се експлоатира како доминантен проблем во општеството, е всушност на седмо место со 16% од испитаниците кои сметаат дека тоа е најважен проблем за нив. Една од најголемите противречности меѓу резултатите од анкетата и впечатокот во јавниот дискурс е владеењето на правото. Тоа е навистина со најмала доверба кај граѓаните со само 2 односно 5% доверба, но е дури на десето место на грижа на граѓаните во однос на приоритетите што тие ги имаат како што се нивните животни, егзистенцијални потреби.

Но, политичката пропаганда овие прашања ги наметна како основа за барање предвремени избори.

Во последните изјави Христијан Мицкоски говори дека поважно од уставните измени биле реформите во образованието и во здравството кои биле катастрофални. Анкетата на ИРИ вели нешто друго, дека довербата на граѓаните во образованието и во јавното здравство е поголема од онаа во опозицијата.

Само за пример мора да се каже дека токму образованието кое е критикувано од страна на ВМРО-ДПМНЕ е на високото трето место на доверба, а здравството е на шестото, додека довербата во опозицијата е на долното осмо место, само две места пред власта. Пред неа се дури и банките (каква противречност), полицијата, медиумите и невладиниот сектор.

Анкетата на Републиканскиот институт расчистува уште една заблуда што Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ ја шират во јавноста дека кога тие ќе дошле на власт ќе функционирала правната држава. Недовербата е и кон власта, но и кон опозицијата дека ќе се придржува до словото на законот.

Противречни анкети или противречни граѓани: Груевски е сѐ уште лидер на ВМРО

Најголеми противречности има кај рејтингот на политичарите.

На прашањето за која политичка личност имате високо поволно мислење (highly favorable) најголем број граѓани се определиле за претседателот на државата Стево Пендаровски.  12, од прва и 26 од втора мајка или збирно 38%. На слично прашање, на која личност во политиката гледате најповолно одговорот е на Али Ахмети и е дури пред лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и пред Димитар Ковачевски.

Инаку кај графата на која граѓаните се изјаснувале најмногу за Стево Пендаровски, интересно е што веднаш зад него е поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, а пред актуелниот Христијан Мицкоски.

Треба да се забележи дека во времето на владеење на Груевски, тој имаше поголем рејтинг од неговата партија, додека сегашниот лидер има понизок рејтинг од самата ВМРО-ДПМНЕ. Тоа може да значи дека голем број поддржувачи на оваа партија не го препознаваат Христијан.Мицкоски за нивни лидер.
Навидум појасна е сликата за рејтингот на партиите при што води ВМРО-ДПМНЕ со 10% високо поволно, односно 21% донекаде поволно мислење или 31% збирно, пред СДСМ со 7% високо, 18% донекаде поволно мислење, односно 25% доверба.

Овдека вреди да се назначи дека во анкетата има за 3% повеќе испитаници кои припаѓаат на ВМРО-ДПМНЕ или 13%,додека приврзаници на СДСМ се 10% од испитаниците.

Оттаму можеби и водството на ВМРО-ДПМНЕ во изјаснувањето за која политичка партија би гласале ако утре се одржат избори.

Но 18% сеуште не знаат за кого би гласале, додека 5% одбиле да одговорат и тоа е прилично висок процент кој може да направи разлика.

Љубиша НИКОЛОВСКИ

Извор: Рацин.мк

Tags: анкетаИРИЉубиша НИКОЛОВСКИуставни измени
Next Post

Топлотен бран низ Европа, земјите воведуваат посебни мерки, се очекуваат до 49 степени

EVN

НАЈНОВО

Мицкоски: 300 компании се предвидени да бидат поддржани со овие грантови во вкупен износ од 25 милиони евра

January 27, 2026

Димитријевиќ: АКТ објави нова „бомба“ – Тендерска мрежа на фирми води директно до Нелоски и кабинетот на Мицкоски

January 27, 2026
Илустрација Фронтлајн, генерирано со ВИ

Анкета во Унгарија: Опозициската Тиса убедливо пред Фидес, се тресе ли „тронот“ на Орбан

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk