ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Уставните измени почнаа да истекуваат како песок во собранискиот песочен часовник

July 20, 2023 21:43
in PMD, ZOOM IN, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Дојде и тој ден, иницијативата за промена на Уставот доби архивско бројче во Собранието. Со тоа почнаа да се одбројуваат деновите до ОНОЈ ден кога ќе престанат сите погледи цврсти и зборови „мрсни“, а брзите пратеничките прсти ќе ја определат судбината на оваа држава Македонија. Очите на јавноста ќе бидат вперени во мониторот што ќе покаже колкумина од 120 пратеници гласале за уставните измени

18 август е определен како датум кога собранискиот спикер Талат Џафери ќе ја стави иницијативата за промена на Уставор како точка на дневен ред.

Од тогаш ќе течат десетте работни денови за дебата пред да се гласа. Тоа значи дека процедурата може да се растегне до септември. Но, во која насока ќе се движи атмосферата, ќе се почуствува уште од вторник кога расправата старува во собраниската комисија за уставни измени со која претседава токму спикерот Џафери.

Значи пред нас се денови во кои ќе ги слушаме познатите приказни за предавства и за одбрана на државните интереси, низ кои старите политички опоненти ќе се обидат да се прикажат во најдобро светло.

За очекување е дека ниту додека трае расправата, европските пратеници нема да престанат да доаѓаат со намера да влијаат на одлуката на опозицијата да го смени својот цврст став против промените на преамбулата. Меѓу клучните политички фигури за кои од поодамна се говори дека ќе дојде во посета на Македонија е францускиот претседател Емануел Макрон, несомнено влијателен државник и главен креатор на европската политика на проширување.

Но, како што изјави македонскиот претседател Пендаровски во интервју за Слободен печат, „Макрон сигурно не би дошол овде да ги убедува политичките партии што се против уставните промени, туку ако постојат извесни шанси за успех“. Има шанса во зависност од внатрешниот процес како ќе оди, Макрон да дојде во Скопје на 11-12 септември на процесот Брдо-Бриони. Ако е податлива атмосферата, има шанси да дојде на процесот Брдо, да даде поддршка на целиот регион. Затоа чекаме да видиме како ќе се одвива процесот внатре за Уставот.

Што може да значи ова во пракса? ВМРО-ДПМНЕ да продолжи со тврдата позиција околу уставните промени, но едновремено да ја турка агендата за добивање гаранции од сè повеќе држави членки на ЕУ, кои дури преземаат обврска да се заложат кај Бугарија да не поставува доплнителни услови додека трае процесот на пристапување.

Лоранс Бун, државната секретарка задолжена за Европа при Советот на министри на Република Франција, рече дека нема да има нови барања од Бугарија, ниту од која било друга земја и дека автоматски Северна Македонија продолжува на патеката на пристапување. Првична потврда од таа страна дојде од Бугарското Министерство за надворешни работи кое излезе со соопштение дека освен уставните измени, нема да има други барања кон Македонија, бидејќи како што велат од таму, се останато како услови е веќе договорено.

Финалето може да се случи токму во септември кога Мицкоски очекува да биде исполнет клучниот аргумент од неговите барања, Бугарија да исполни некои од пресудите на Судот за човекови права во Стразбур, коишто Бугарија ги нема спроведено до денес во однос на почитувањето на правата на здружување на Македонците. Тогаш ВМРО-ДПМНЕ ќе нема веќе разумни аргументи да не ги подржи уставните промени за кои ќе има гаранции дека не се под бугарски диктат. Значи тогаш Макрон ќе може да дојде и да даде европски печат на почетокот на втората фаза од вистинските преговори со ЕУ.

На некаков чуден напореден и контрадикторен начин би се случил компромис меѓу политичките актери во кој едните ја отвориле вратата за членство на Македонија во ЕУ, а другите би ја затвориле. Тогаш како разрешница на внатреполитичките несогласувања би се случиле и парламентарните избори.

Љубиша Николовски

* Колумната е личен став на авторот.

Извор: Рацин.мк

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ВМРО-ДПМНЕколумнаЉубиша НИКОЛОВСКИуставни измени
Next Post

Битиќи: Парите од 150-те компании кои профитираа во кризата ќе се вратат кон граѓаните, тоа е солидарност

НАЈНОВО

Ралф Фајнс и сенката на злото: Вистината и митовите за улогата во Шиндлеровата листа

October 20, 2025

Локалните избори огледало на централната власт: Трендови од 2017 до 2025 година

October 20, 2025

АВМУ: Уште две прекршочни постапки за непочитување на изборниот молк

October 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Локални избори 2025: ВМРО-ДПМНЕ доминантен во 53 општини, СДСМ во 8, ВРЕДИ во 9

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанскиот политички блок по локалните избори: Победи, предизвици и нова реалност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 20 октомври 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ загуби фантастични 140.000 гласови, разликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ значително намалена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ падна 135.000 гласови, ЗНАМ најголем губитник, Левица и СДСМ со благ пад

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk