ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Презентирана студија со наоди за руска пропаганда, влијание и дезинформации во земјава за војната во Украина

July 28, 2023 13:50
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ГОВОР НА ОМРАЗА, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Share on FacebookShare on Twitter

Руската пропаганда, влијанието и дезинформациите во Северна Македонија е со голем обем, повеќеканални пораки, повторувачки и без објективност. Руските операции за влијанија имаат цел да поттикнат поделби во општеството, да ја поткопаат довербата во институциите и медиумите и да предизвикаат вознемиреност кај граѓаните. Ова се наодите на студијата „Една година од руската агресија врз Украина – руската пропаганда, влијание и дезинформации во Северна Македонија“ што беше претставена денеска од Граѓанската асоцијација МОСТ.

Студијата е дел од проектот „Борба против лажни вести и наративи“ и била создавана една и пол година. Уредникот Росана Алексоска на промоцијата соопшти дека студијата се однесува на периодот од 1 март 2022 до 28 февруари 2023 година при што биле идентификувани и анализирани повеќе од 4000 статии и 10 000 постови на Фејсбук.

-Студијата откри масовно пренесување и присуство на претставници на Кремљ во онлајн просторот во Северна Македонија, користење на медиумите под контрола на руската држава како извори во статиите, проруски пораки од политичари во регионот кои се, исто така, и руски сојузници, како и повеќе случаи на координирано, масовно ширење на содржините на Фејсбук, преку добро воспоставена и координирана проруска инфраструктура… Се чини дека голем број портали едноставно ги пренесуваа руските функционери или медиумите контролирани од Русија и покрај тоа што тие најчесто лажат… Медиумите треба да бидат свесни дека зборовите се оружје во рацете на Кремљ за ширење дезинформации, рече Алексоска.

Според наодите од студијата, руското влијание во земјава е во согласност со концептот на т.н. остра моќ, како што рече Алексоска, особено преку користење на црквата и промовирање на словенско-православното братство – наратив кој, рече, влијаел на емоциите на луѓето кај нас, а тврдењето „Западот е главен непријател на словенскиот и православниот свет“ предизвикало голем број интеракции со тоа што „ги таргетираа емотивно наелектризираните религиозни и перципирани културни врски меѓу Северна Македонија и Русија“. Во исто време, рече таа, тие ја искористувале и комплексната мултиетничка историја на регионот предизвикувајќи поделби во земјава и на Балканот.

-Руското влијание го вовлекува населението во овој концепт и имплицира дека немаме ништо заедничко со западниот слободен свет што, апсолутно, е неточно. Ова е еден од начините со кој се поттикнува и отпор кон Европската Унија и НАТО. Овој наратив дополнително беше промовиран и преку посети на верски личности и заеднички служби што претставува совршен пример за информациска операција, додаде Алексоска.

Студијата ги анализирала и изјавите и нивното пренесување во медиумите од чеченскиот лидер Кадиров и евидентирала забележани случаи на масовна дисеминиација со амплификација на пораките на рускиот амбасадор во земјава Сергеј Баздникин и на српскиот претседател Александар Вучиќ. Промовирање на руската пропаганда, рече Алексоска, е забележана на анонимни портали регистрирани на странски домени.

-Студијата покажа дека постојат добро развиени и координирани мрежи на Фејсбук кои ги засилуваат руската пропаганда, дезинформациите и манипулациите со информации. Овие мрежи прокламираат екстремно десничарска и националистичка идеологија што придонесува за промовирање националистичка, ксенофобична и нелиберална содржина која создава понатамошни поделби… Обемот, фреквенцијата и интензитетот на забележаните наративи покажуваат дека Северна Македонија и Балканот се високо на агендата на Кремљ. Од почетокот на неоправданата и неиспровоцирана агресија врз Украина, Југославија и Косово секој месец се спомнуваат во погрешен контекст од највисоки функционери од Кремљ, рече Алексоска.

Студијата, за која таа рече дека е прва од ваков вид во земјава и во регионот и која ќе биде достапна онлајн на веб-страницата на МОСТ, има и препораки од кои главната е дека е „потребен сеопфатен институционален пат за справување со руските дезинформации и малигното влијание во сите сфери на општеството“.

На прашањето дали студијата открила личности и во нашето општество кои се ставени во функција на руската пропаганда и дезинформации, таа одговори дека „има и домашни актери коишто го овозможуваат или засилуваат влијанието или ги пренесуваат пораките“.

-На крајот од студијата, како анекс, има и каталог на наративи и случаи во кои може да се видат и домашните актери, додаде Алексоска.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: војнаМостУкраина
Next Post

Маричиќ: Подготвени сме како Влада да и помогнеме на оценската мисија за подобрување на работата на Судскиот совет

НАЈНОВО

Знае ли Мицкоски дека Тошковски го демантираше за странските служби и центри на моќ, прашува СДСМ

September 15, 2025

Полска урна дрон над зградата на владата во Варшава

September 15, 2025

Крвава драма во Велес: Маж уби жена и нејзиниот татко, па се самоуби

September 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Дуел за Штип: Само двајца кандидати за градоначалник, 11 листи за советници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стеваноски реагира: Полицајци во цивил од Скопје се однесуваат насилнички и застрашувачки во Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Старата чаршија до младинските центри: Меџити ја претставува визијата за Чаир во интервју за Фронтлајн

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk