Пишува: МИЛУТИН РИСТЕСКИ
Најкратко и најпросто што може:
Затоа што „брзиот воз“ за влез во ЕУ моментално е на нашата „станица“. Не се знае колку ќе стои на станицата и не се знае кога има следен, дали за 2, дали за 22 години. „Бугарите во Уставот“ се дел од „цената на билетот“. Дали ќе добиеме подобра цена за следниот „воз“? Тешко, примерот со НАТО и Грција ни го покажа тоа.
Можеме ли без ЕУ? Теоретски да, во пракса тешко. Прашањето е дали сакаме луѓето да ни одат во ЕУ со македонски или со бугарски пасоши. Ако останеме надвор од ЕУ подолг период бројот на бугарски пасоши ќе расте. Кому му е тоа во интерес? И кој е поголем „патриот“ сега? Оној што сака повеќе или оној што сака помалку бугарски пасоши во рацете на наши сограѓани?
Ете толку е просто. Така функционира меѓународната политика. Кој сака да разбере, ќе разбере. Кој не, ќе продава магла. И нема да му е прв пат. Ако ни ја продадат маглата ќе трпиме сите, продавачите на магла најмалку.
Објавено на Фејсбук.