ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Нема нови случаи со ККХТ, Министерството за здравство апелира граѓаните да се придржуваaт кон првентивните мерки

August 19, 2023 17:09
in ДЕНЕС, ЗДРАВСТВО
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Двајцата пациенти заразени со конго-кримска хеморагична треска (ККХТ) се стабилни. Според лекарите, најкритичната фаза од болеста кај нив поминала и не се очекува влошување на нивната состојба. Нема други суспектни случаи ниту, пак, кај некои од контактите е потврдено присуство за ККХТ, соопшти Министерството за здравство.

Потсетува на заклучокот од  последниот состанок со Комисијата за заразни болести што се одржа минатата седмица – да се препорачаат превентивни мерки за заштита на граѓаните од конго-кримска хеморагична треска која се пренесува со каснување од крлеж.

Преветивните мерки за заштита, главно, се однесуваат на информирање на граѓаните и на здравствените работници на кој начин се пренесува болеста и како да се заштитат од неа. Се препорачува со облека да бидат покриени експониранате делови – раце, нозе, врат, глава, да се носи светла облека за лесно да се забележи крлежот, облеката да се испрска со  спреј на база на синтетски пиретроид, но да се внимава да не се прска на кожата, да се користи репелент против крлежи и инсекти кои може да се нанесуваат на гола кожа.

-По престој во природа направете детална  проверка на своето тело и облека, како и на телото и облеката на вашите  децата. Посебно внимание посветете им на влакнестите делови од  телото, каде крлежите најчесто се закачуваат, вклучително и главата,  вратот и пределот зад ушите, особено кај децата. Крлежите често се  закачуваат во прегибите на телото (во пазувите, во препоните, под  градите кај жените, стомачните прегиби и сл. Контролирајте ги домашните животни за присуство на крлежи Избегнувајте региони каде се присутни крлежи и делови од годината кога се тие најактивни. Носете ракавици и друга заштитна облека додека ракувате со животни, се наведува во препораките на Министерството за здравство.

Се апелира и избегнување близок физички контакт со лица заболени од ККХТ, да се носат ракавици и заштитна опрема при грижа за болните луѓе и редовно да се мијат рацете со вода и сапун по активностите за грижа/нега или посетата на болните луѓе.

-На состанокот што се одржа по иницијатива на министерот за здравство д-р Фатмир Меџити, членовите на Комисијата изготвија информација до Владата на Северна Македонија за организирање акциски план во кој ќе се направи прво проценка на преваленцата, за зголемено присуство на крлежи по различните региони и таму каде што ќе бидат детектирани се планира да се направи дезинсекција која е клучна превентивна мерка. наведува Министерството за здравство.

Во соопштението МЗ нагласува и дека нема простор за паника затоа што ККХТ не се пренесува лесно, туку само по каснување од крлеж заразен со вирусот.

Најизложени на оваа опасност се риболовците, ловците и сточарите кои треба да бидат иклучително внимателни и да ги почитуваат препораките за превенција.

-Друга голема група изложена на ризик се здравствените работници, заради контакт со телесните секрети – крв, тие треба да се заштитуваат со ЛЗО при контакт со сомнителни случаи, посочува Министерството за здравство.

Tags: конго-кримска хеморагична треска (ККХТ)
Next Post

ОН го осудуваат „грозоморниот“ руски напад врз центарот на украинскиот град Чернихив

Shortcut

Најново

По повод Светскиот ден на млекото: Бучен Козјак донира средства за реновирање на Клиниката за пулмологија и алергологија

June 25, 2026
Atlas - Boston Dynamics robot

Летото 2026 го означува крајот на четботовите: Како вештачката интелигенција стана наш автономен колега

June 25, 2026

Државниот завод за ревизија бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 25, 2026

Емоционалноста како сила: Дороти Пачкова во „Развојна академија“ отвора разговор за ранливоста, зрелоста и автентичноста

June 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk