ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ВОЈНА ВО УКРАИНА

Пендаровски: Крајот на војната и обновувањето на територијалниот интегритет на Украина е цел која бара колективна посветеност

August 23, 2023 17:50
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Фото: Кабинет на претседателот

Фото: Кабинет на претседателот

Share on FacebookShare on Twitter
Крајот на војната и обновувањето на територијалниот интегритет на Украина не треба да биде далечен сон, туку опиплива цел која бара наша непоколеблива посветеност и колективна посветеност. Одлуките што ги носиме и активностите што ги преземаме денес, заедно со сета поддршка што континуирано ја даваме за Украина, можат да ја обликуваат траекторијата на нацијата и нејзиниот народ за генерациите што доаѓаат. Уште повеќе, нашите колективни напори ќе придонесат за одржување на траен мир и стабилност низ европскиот континент.

Ова го истакна претседателот Стево Пендаровски во онлајн обраќањето на третиот самит на Меѓународната Кримска платформа, којшто годинава поради состојбата во Украина, е од хибриден карактер.

На панелот посветен на хуманитарната состојба и заштитата на човековите права, претседателот Пендаровски истакна дека во последните 18 месеци, светот се соочува со ужасни случаи на воени злосторства, кршење на човековите права, тортура и вонсудски казни извршени од страна на руските воени и паравоени сили.

-Денес, кога ја потврдуваме нашата позиција за непризнавање на нелегитимната анексија на Кримскиот Полуостров и на другите делови на Украина, би сакал да го свртам вниманието на влошената состојба на човековите права на Крим. Не смее да се дозволи ваквата состојба да опстојува неконтролирано, бидејќи ја поткопува самата структура на локалната политичка заедница. Светот мора да се справи со овие злосторства, со чувство на најголема итност и колективна акција. Секој случај на злоупотреба и прекршување мора да биде подложен на темелна истрага, а одговорните мора да одговараат за своите постапки, нагласи Пендаровски.

Почитувањето на начелата на правдата, според него, не е само од суштинско значење за жртвите и нивните семејства, туку е клучен чекор кон помирувањето, откако ќе се исполнат предусловите за таа фаза.

-Помирувањето не е можно без правда, а, во овој контекст, лекциите од војните во поранешна Југославија служат како вреден потсетник. Формирањето на Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија беше клучен чекор кон изучување на таа лекција од историјата и поставување на основа за демократија и мир за идните генерации. Исто како што МКТЈ одигра клучна улога во спроведувањето на правдата и повикувањето на сторителите на одговорност, така и ние денес мораме да поддржиме силни механизми кои ќе обезбедат организаторите и насилниците на човековите права на окупираните територии на Украина да бидат изведени пред лицето на правдата, вели шефот на државата.

Затоа, додаде тој, македонското претседавање со ОБСЕ оваа година највисок приоритет стави на решавање на прашањето за влошената состојба на човековите права во Украина.

-Се обврзавме да ги искористиме нашите дипломатски и кооперативни механизми за активно ангажирање со сите засегнати страни, во справувањето со алармантните прекршувања на човековите права не само на Крим, туку и во Украина како целина. Дури и кога нашето претседавање завршува на крајот на оваа година, нашата посветеност на оваа кауза ќе биде постојана бидејќи ќе продолжиме по истиот пат, заедно со другите нации, наши сојузници и истомисленици, рече претседстелот Пендаровски

Тој воедно им оддаде почит на сите загинати украински херои и, во исто време, и признание на сите учесници на форумот за, како што вели, нивната цврста посветеност на бранењето на суверената нација, членка на Обединетите нации.

Tags: војнаПендаровскиУкраиначовекови права
Next Post

Николовски од Прилеп: Со поддршка на Европската Унија обезбедуваме нова опрема за ГЕН Банката при Институтот за тутун

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk