ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

ЕУ воспостави хуманитарен воздушен мост до градот Гома во ДР Конго

August 24, 2023 15:29
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

ЕУ иницираше нова хуманитарна операција воспоставувајќи воздушен мост за транспорт на основни продукти до градот Гома во источниот дел на Демократска Република Конго, со цел да му помогне на наслението во тој дел на оваа африканска земја каде и онака лошата состојбата постојано се влошува.

Во првата фаза на операцијата два авиони со над 180 тони производи, пред се лекови и храна, полетаа од Европа до Најроби, од каде потоа во вторникот пристигнаа во Гома. Предвидено е до крајот на август за Гома да отпатуваат уште осум авиони со хуманитарна помош.

Како што соопшти Европската служба за надворешни работи, оваа хуманитарна операција доаѓа по сличниот воздушен мост што фунционираше од март до мај годинава, со што во ДР Конго со седум летови беа транспортирани вкупно 260 тони различни продукти.

Во соопштението се потсетува дека поради судирите во ДР Конго во моментов има над 6,2 милиони внатрешно раселени лица, а уште над еден милион конгоански бегалци се сместени во соседните земји. Дополнително, хуманитарната состојба се усложнува со фактот што и во ДР Конго престојуваат над 500.000 бегалци од соседните земји.

Само во Гома и во неговата околина се блокирани речиси 500.000 внатрешно раселени лица, кои се соочуваат со недостиг на храна, вода и здравствена заштита и немаат основни санитарни услови, ниту безбедни засолништа.

Во областите на ДР Конго зафатени од конфликти и насилството околу 27 милиони луѓе се соочуваат со недостиг на храна, што претставува над една четвртина од вкупното население на земјата, а се проценува дека околу 2,8 милиони деца се хронично неухранети.

Дополнително, припадниците на милитантните групи вклучени во конфликтот постојано ги кршат човековите права и меѓународното хуманирано право, преку родово базирано и физичко насилство, сексуална експлоатација и злоупотреба, регрутирање деца војници, убиства, киднапирања, тортура, напади врз училишта и здравствени установи и грабежи. Покрај тоа, во ДР Конго беснеат и епидемии на колера, морбили, мајмунски сипаници и ебола.

Од тие причини во рамки на хуманитарните проекти финансирани од ЕУ се прават напори за обезбедување храна, сместување, основна здравствена заштита, вода и санитарни и хигиенски услови, како и овозможување образование за децата и помош на жртвите на сексуално насилство.

Tags: ЕУКонго
Next Post
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Шпекулациите за контроверзната смрт на Пригожин како сценарио за второкласен трилер

Shortcut

Најново

Мицкоски се пофали со разговор со Рубио, СДСМ: Тоа беше средба во ходник

September 21, 2026
Никола Спасов

Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

September 20, 2026

КУРШЛУС: Сатира за времиња во кои реалноста ја надминува шегата

September 19, 2026

Оружје, принуда и заплашување – составни делови на рускиот изборен процес

September 19, 2026
Хан Соло Џуниор (Илустрација: ChatGPT/OpenAI – FRONTLINE.MK)

Чалам на виткање, карактер на расклопување

September 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk