ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Мишел: Иднината на С. Македонија е во ЕУ

August 28, 2023 09:54
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Шарл Мишел

Шарл Мишел

Share on FacebookShare on Twitter

Убеден сум и уверен дека иднината на Северна Македонија е во ЕУ, изјави за МИА претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел по синоќешната билатерална средба со премиерот Димитар Ковачевски, што се одржа пред почетокот на Бледскиот стратешки форум.

Мишел оцени дека односите меѓу Северна Македонија и ЕУ се одлични. Притоа тој му честита на премиерот Ковачевски за одлуката за отпочнување на постапката за носењето на уставните измени.

-Северна Македонија и ЕУ имаат одлични односи и тука би сакал да му честитам на премиерот за неговата одлука да ги поднесе до Собранието уставните измени. Убеден сум и уверен дека иднината на Северна Македонија е во ЕУ, рече претседателот на Европскиот совет.

По средбата со премиерот, Мишел на социјалната мрежа X (Твитер) изрази целосна поддршка на иницијативата за усвојување на уставните амандмани и покрај, како што пишува, многуте политички предизвици. Тој го пофали лидерството и решеноста на Северна Македонија и премиерот Ковачевски да напредува во реформската агенда на ЕУ и да даде конкретни резултати.

На средбата Ковачевски – Мишел, како што информираа од Кабинетот на премиерот, било потенцирано дека посветеноста и поддршката на Европската Унија во процесот на евроинтеграции на Северна Македонија е исклучително важна во дадениот момент, за што е јасно упатена пораката од страна на ЕУ, за важноста на успешното завршување на процесот на уставни измени, за натамошниот тек на процесот на европско интегрирање на земјата.

-Двајцата соговорници  се согласија дека уставните измени претставуваат единствена и неповтролива шанса за напредокот и просперитетот на Северна Македонија во рамки на ЕУ. Членството на Северна Македонија во ЕУ ќе има позитивно влијание и врз севкупните состојби на Западен Балкан, а особено во делот на економски развој како на земјата, така и на регионот, се наведува во информацијата од средбата.

На средбата исто така било потенцирано дека посветеноста и забрзувањето на реформските е клучно за зголемена поддршка од ЕУ во однос на претпристапните средства за земјите од Западен Балкан.

Средбата Ковачевски – Мишел се одржа во рамки на посетата на Република Словенија, каде премиерот учествува на Бледскиот стратешки форум.

На средбата на која присуствуваа и вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, и министерот за надворешни работи Бујар Османи, се разговараше за актуелните политички случувања во Северна Македонија, во фокус на, како што се посочува,  успешното отпочнување на процесот на уставните промени во Собранието.

Пред средбата со претседателот на Европскиот совет, премиерот Ковачевски присуствуваше на работна вечера во организација на словенечкиот премиер Роберт Голоб, а денеска тој ќе се обрати на лидерскиот панел на Форумот.

Tags: ЕУМакедонијаМишел
Next Post
Photo by SAUL LOEB/AFP via Getty Images

Рајмондо: Многу е важно економиите на САД и Кина да имаат стабилен однос

Најново

СДСМ: Граѓаните скапо ги плаќаат „бајките“ на Мицкоски додека трошоците за живот растат

April 20, 2026

Поповски: Убедлива победа на Радев во Бугарија – „Прогресивна Бугарија“ освои самостојно мнозинство

April 20, 2026
Анаис хороскоп, Македонија, Матка

Дневен хороскоп со Анис – 20 април 2026

April 20, 2026

Партијата на Румен Радев, победник на изборите во Бугарија

April 19, 2026

Филипче: СДСМ бара замрзнување на цените и посебни мерки за ранливите категории

April 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk