РИБАРО
Екипата на АХА пресретна краток телефонски разговор помеѓу бегалецот од правдата Никола Груевски и актуелниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, во кој Груевски го охрабрува Мицкоски да издржи уште малку.
„Мицко брате издржи уште малку. Како што се чини, на повидок е моето доаѓање и конечно да ги земам работите под директна контрола. Твое е да одолееш со твоите тврдокорни анти ЕУ ставови и по никоја цена да не паднеш во искушение и да го расчистиш патот на Македонија кон ЕУ. Знаеш добро дека тоа ќе биде погубно за нашите националистички и криминални политики. Знам дека ти си умен и послушен, па сега не е добро да паднеме на последното искушение. Издржи брате, доаѓам!“, рекол Груевски во разговорот со Мицкоски.
„Шефе ич не му се секирај, сè е под контрола. Одиме по зацртаниот план. Ни Ескобар, ни ЕУ ни Меу не допираат до мене. Добро знаеш по чии ноти играм јас. До скоро видување!“, одговорил Мицкоски.
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK