ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

АЛБАНСКИ МЕДИУМИ: Графитот „Кад се војска врати на Косово“ и во Зубин Поток; Албанија повторно го презема претседавањето со Советот за Безбедност; бесплатни учебници за учениците во основните училишта во Албанија

September 1, 2023 12:40
in PMD, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Во Зубин-Поток беше разоткриен графит со порака: „Кога војската ќе се врати на Косово“. Претходно се појави на фудбалски натпревар на навивачката група на Црвена Ѕвезда во Белград, а потоа и во градовите на Република Српска во Босна и Херцеговина, во Црна Гора и во Русија, јавуваат косовските медиуми. Албанија  денеска по втор пат ќе го преземе претседавањето со Советот за безбедност на Обединетите нации, откако во јануари минатата година стана дел од овој форум како непостојана членка.

Ова се само дел од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа од изборот на албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-ПРЕС.

КОСОВО

Газета Експрес: Во Зубин Поток се појави графитот „Кога војската ќе се врати на Косово“

„Во Зубин-Поток беше разоткриен графит со порака: „Кога војската ќе се врати на Косово“. Претходно се појави на фудбалски натпревар на навивачката група на Црвена Ѕвезда во Белград, а потоа и во градовите на Република Српска во Босна и Херцеговина, во Црна Гора и во Русија. Градоначалникот на Зубин-Поток посочи дека има и други графити кои промовираат веќе прогласени терористички организации како што е „Северната бригада“

Графитот „Кога војската ќе се врати на Косово“ беше изложен во четвртокот на северот населен главно со Срби, ѕид недалеку од објектот на општина Зубин-Поток.“, пренесе Газета Експрес.

Радио Косова е Лире: Следната средба меѓу премиерот на Косово, Албин Курти и претседателот на Србија, Александар Вучиќ ќе се одржи на 14 септември.

Следната средба меѓу премиерот на Косово, Албин Курти и претседателот на Србија, Александар Вучиќ ќе се одржи на 14 септември, соопшти на прес-конференција во Шпанија високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел. Курти и Вучиќ последен пат се сретнаа на 2 мај – девет дена по вонредните избори во северно Косово, кои беа бојкотирани од локалното српско население, пренесува Радио Косова е Лире.

АЛБАНИЈА

Репортери: Албанија денеска по втор пат го презема претседавањето со Советот за безбедност

„Албанија во петок ( денеска)  по втор пат ќе го преземе претседавањето со Советот за безбедност на Обединетите нации, откако во јануари минатата година стана дел од овој форум како непостојана членка. Министерката за надворешни работи Олта Џачка во четвртокот рече дека две главни активности ќе го одбележат албанското претседателство.“, пренесе Репортери.

Панорама: Денеска започнува делењето на бесплатни учебници  за учениците во основните училишта во Албанија, Рама со порака

Албанскиот премиер  Еди Рама денеска најави делење бесплатни книги за сите  ученици од јавните основни училишта.

Оваа нова учебна година децата од второ и трето одделение ќе добијат нови книги бесплатно без да мора да ги вратат на крајот од учебната година, пренесува Панорама.

Опинион: „Фатос Нано се бори за живот“/ Рама му ја доделува  Ѕвездата на јавната благодарност

Премиерот Еди Рама денеска одлучи да му додели орден на Фатос Нано, поранешниот лидер на Социјалистичката партија.

Рама му ја подари Ѕвездата на благодарноста, нагласувајќи дека Нано се бори за живот, пренесува Опинион.

Поранешниот премиер Фатос Нано e хоспитализиран веќе една недела во приватна болница во Тирана. Албанските медиуми известуваат дека поранешниот премиер продолжува да биде на реанимација интубиран поради проблеми со дишењето и дека состојбата не е променета.

КОЛУМНА

Коха: Колку подалеку од Србија, толку е појасен погледот

„Дејан Атанацковиќ, сликар образован во Фиренца, Италија и писател, вели дека „прашањето за Косово е завршено, тоа никогаш нема да се врати во Србија“. Лазар Џамиќ, поранешен шеф за планирање и брендирање во европската централа на Гугл, нагласува дека национализацијата и траумите од минатото се трансформирани во оружје за манипулација од страна на актуелната власт во Србија. Очигледно, веројатноста еден Србин  јасно да размислува за Србија се зголемува со секој километар оддалеченост од Србија.“, пишува меѓу другото авторот Енвер Робели во колумната „Колку подалеку од Србија, толку е појасен погледот“, објавена во Коха.

Д. Тахири / Цивил Медиа

Tags: Албански медиумирегионредакциски избор
Next Post

ДЗС: Слободни 8.059 работни места во второто тримесечје, зголемен бројот на работници во индустријата

EVN

НАЈНОВО

Тимоти Редмонд и Даглас Маринер со 30 млади европски музичари на 17 февруари во Македонската филхармонија

February 13, 2026

Димитријевиќ: Власта нема допир со реалноста како живее едно семејство, арогантно одбива да ги покачи платите

February 13, 2026
Фото: Генерирано со ВИ

Македонија ќе ги укине царините за американските производи, САД задржуваат 15% за македонските и нулта тарифа за некои производи

February 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    Снимено излетувањето на Трамвајот во Сараево каде загина едно лице, а има и повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 13 февруари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Политички театар во магацин на МВР: спектакл со специјалци и снајпери, а 11 дена без одговор како 5 тони дрога поминале граница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трендафилов до власта: Не ви се плашиме – служите за потсмев, наместо да ги зголемите работничките си ги браните вашите плати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Поранешниот шеф на MI6: Русија изгубила околу 30.000 војници само во еден месец во Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk